По години јавни тензии, шокантни интервјуа, експлозивни мемоарски книги и серии, војводата од Сасекс тивко се обидува да ги поправи односите со татко му, кралот Чарлс Трети и брат му принцот Вилијам.
Инсајдери тврдат дека принцот Вилијам „повлекол јасна црта“. Некои извори тврдат дека Вилијам планира да ја укине титулата на принцот Арчи и принцезата Лилибет кога ќе стане крал.
Висока цена на враќањето дома
Без оглед на ладниот став на кралското семејство, Хари ја гледа приликата во Invictus игрите во 2027 година настан којшто го основал во 2014 година.
Според наводите, Хари планира да му упати официјален повик на кралот Чарлс и принцот Вилијам, што кралското семејство го става во незгодна ситуација.
Меѓутоа, кралските експерти предупредуваат дека враќањето на Хари би можело да бара понижувачка жртва.
„Многу работи треба да се случат. Не може работите само да ги ставате под тепих. Потребно е извинување“, изјавил Дики Арбајтер, поранешен секретар за весниците на Бакингемската палата.
Арбајтер додал дека спомнатите игри би биле добар потег за кралот Чарлс, но ситуацијата е комплицирана.
„Кралот е врховен командант и Invictus игрите би биле добар настан за негово појавување, но ова е тешка ситуација. Се наоѓа во дилема како да го изведе тоа“, рекол Арбајтер.