Легендарниот холивудски актер ќе помине неколку дена во манастир во Грција: Објавена е и фотографија, а еве ја и причината

Точка

28/06/2025

17:08

1.737

Големина на фонт

а а а

Актерот Мел Гибсон пристигна во православниот манастир Хиландар на Света Гора во Грција.

На Фејсбук беше објавена фотографија на која оскарецот позира со игуменот на манастирот, отец Методиј. „Мел Гибсон, познат актер, режисер и продуцент, пристигна во Светиот манастир Хиландар, каде што ќе престојува наредните неколку дена“, напишаа од манастирот.

Работи на продолжението на „The Passion of the Christ“

Мел Гибсон, познати глумац, режисер и продуцент, данас је стигао у Свети манастир Хиландар, где ће боравити наредних неколико дана.

Posted by Хиландар.орг - Hilandar.org on Friday 27 June 2025

Да потсетиме, Гибсон во 2004 година режираше филмот „The Passion of the Christ“ со Џим Кавијзел во главната улога, кој е најуспешниот филм со христијанска тематика на сите времиња, како и најуспешниот независен филм досега, заработувајќи 612 милиони долари.

Гибсон моментално работи на неговото продолжение, филмот „ The Resurrection of the Christ “, кој треба да излезе следната година.