[ФОТО/ВИДЕО] Иванка Трамп пристигна на венчавката на векот: Сите зборуваат за нејзините обувки – некогаш ги носеле рибарите, денес се моден хит!

Точка

25/06/2025

10:32

3.979

Големина на фонт

а а а

Пред свадбата што многумина ја нарекуваат „настан на годината“, Венеција е подготвена за пристигнувањето на бројни светски ѕвезди и истакнати личности. Меѓу првите гости што пристигнаа во градот на вода се Иванка Трамп со нејзиниот сопруг Џаред Кушнер и нивните три деца.

Семејството Трамп беше снимено како ужива во возење на традиционален венецијански брод, а потоа беа видени како опуштено шетаат низ историскиот центар на градот, привлекувајќи го вниманието на минувачите и медиумите.

Штом стапнала на тлото на Венеција, Иванка веднаш го привлкла вниманието со својата модна комбинација. Таа носела неодолив црвено-бел комплет со здолниште и топ, со длабоко деколте и необичен дезен. Сепак, најголемо внимание привлекле обувките кои ќерката на претседателот Трамп ги избрала за оваа прилика. Станува збор за беж сандали со каиши, односно традиционални еспадрили од Шпанија. Чевлите имаат пет каиши преку горниот дел од стапалото, што им дава изглед на „клетка“ околу прстите, со два јаже-каиша што се врзуваат околу петата, заоблен врв и тенок каиш што се врзува околу глуждот. Чевлите на Иванка Трамп имаат детали со исечоци во делот за прстите, што им овозможува на стапалата да „дишат“ во потопло време, а на интернет овој модел чини 190 долари (околу 165 евра).

Еспадрилите се вид на обувки карактеристични по ѓонот направен од јаже, а можат да бидат рамни, на платформа или со други дизајни. Стилот потекнува од Шпанија и Франција, а првично се изработувале рачно, при што занаетчиите плетеле трева еспарто за да направат обувки. Овие чевли првично ги носеле селани, рибари, рудари, војници и земјоделци, поради нивната пристапност и удобност, особено во потоплите краишта. Зборот „еспадрили“ потекнува од „еспарто“ – вид медитеранска трева која се користи за изработка на препознатливите ѓонови од јаже.

Што се однесува до нејзиниот сопруг, Џаред беше забележан како носи темносина качкет-капа, светлосина кошула со копчиња и панталони во крем боја.

Овој настан ќе привлече голем број гости, ќе создаде голема гужва и метеж, што не им се допаѓа на жителите на овој италијански град.

Имено, туристите и жителите на Венеција не го посакуваат овој настан во нивниот град, па следеа протести од локалното население во тој регион. И покрај тешкотиите предизвикани од принудното преместување на настанот, познатиот пар продолжува со тридневниот спектакл што вклучува низа возбудливи случувања, како што се гламурозна „пижама-журка“ полна со славни личности, дивa пена забава и тајна церемонија на суперјахта вредна 500 милиони долари.

Покрај нив, се очекува да пристигнат голем број познати личности за да присуствуваат на луксузната свадба на Џеф Безос и Лорен Санчез. Меѓу најавените гости се Опра Винфри, Орландо Блум, Ева Лонгорија, Ким Кардашијан, Крис Џенер и Барбра Стрејсенд.

Поканети се и многу бизнисмени и политичари. Покана е испратена и до кралицата Ранија Ал-Абдула од Јордан.

Основачот на Амазон, Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез беа принудени да ја преместат својата свадба од центарот на Венеција по протестите. Локациите на тридневната забава никогаш не се официјално објавени, но се знае дека главната прослава требала да се одржи во сабота, 28 јуни во Скуола Гранде дела Мисерикордија. Локален функционер потврди за „Би-Би-Си“ дека ќе се соберат во Арсенале, кој е подалеку од центарот на градот, а активистите се многу среќни што успеале во својот план.