„Holidu“, компанијата која им помага на луѓето да резервираат сместување за одмор, објавила листа на најдобри плажи во Европа, според рецензиите на „Google“.
Листата е направена врз основа на рецензиите на туристите. Неколку плажи имаат високи оцени (4,9 и 4,8 од 5), но плажата со најмногу рецензии е подобро рангирана.
10 најдобри плажи во Европа за 2025 година:
1. Spiaggia dei Conigli, Италија (4,9)
2. Barafundle Bay Beach, Обединето Кралство (4,9)
3. Traeth Mwnt, Обединето Кралство (4,8)
4. Woolacombe Beach, Обединето Кралство (4,8)
5. Dunraven Bay, Обединето Кралство (4,8)
6. Cala Mariolu, Италија (4,8)
7. Playa de Cofete, Шпанија (4,8)
8. Simos Beach, Грција (4,8)
9. Praia da Adraga, Португалија (4,8)
10. Playa de Mataleñas, Шпанија (4,8)
Најдобрата плажа се наоѓа во Италија
Според нивното истражување, најдобрата плажа се наоѓа во Италија. Тоа е Spiaggia dei Conigli, позната како Зајачка плажа. Таа има оцена 4,9 врз основа на 2.967 рецензии.
Позната е по својот недопрен бел песок и кристално чистата тиркизна вода. Оваа плажа често се смета и за една од најубавите плажи на светот.
Следат плажите во Обединетото Кралство
Плажата Barafundle Bay Beach која се наоѓа во регионот Пембрукшир во Обединетото Кралство, го зазела второто место со иста оцена, но врз основа на 1.669 рецензии.
Често се опишува како „скриена скапоценост“.