Намирници кои на +35 степени можат да го доведат телото до срцеви проблеми: Го зголемуваат притисокот, го дехидрираат организмот...

Точка

25/06/2025

16:00

1.911

Големина на фонт

а а а

Во текот на летните месеци, високите температури можат дополнително да го оптоварат срцето и крвните садови, особено кога лицата имаат проблеми со притисокот или кардиоваскуларниот систем.

Некои намирници можат да придонесат во задржување на течноста, зголемување на крвниот притисок, па дури и да се зголеми ризикот од срцев удар.

Еве која храна треба да ја избегнувате во текот на летото или да ја внесувате во помали количини.

Премногу солена храна

Солта (натриумот) ја задржува течноста во организмот и го зголемува крвниот притисок. Во текот на летото тоа може да биде особено опасно затоа што телото веќе губи електролити низ потта, а дополнително се оптоварува срцето и може да предизвика проблеми.


Избегнувајте:

- сувомеснати производи;
- солени сирења;
- индустриски супи;
- чипсови, переци, солени грицки.

Масна и пржена храна

Храната богата со заситени масти го зголемува нивото на лош холестерол и придонесува во затнување на крвните садови, што во комбинација со жештините може да предизвика сериозни срцеви проблеми.

Избегнувајте:

- пржени компирчиња, пилешко месо;
- брза храна;
- Храна подготвена во длабоко масло.


Рафинирани шеќери и слатки

На лето на организмот потребни му се лесни и освежувачки оброци, додека пак слатките дополнително го оптоваруваат панкреасот и можат да предизвикаат нагли скокови на шеќерот и притисокот.

Избегнувајте:

- колачи со крем, торти, крофни;
- газирани пијалаци и енергетски пијалаци;
- сладолед со многу шеќери и вештачки додатоци.


Црвено месо во големи количини

Црвеното месо е тешко за варење и богато со заситени масти. На лето кога организмот бара да ја регулирате температурата, ваквата храна може дополнително да го исцрпи телото.

Ограничете го внесот на: свинско, јагнешко, јунешко месо.

Алкохол

Многумина посегнуваат по алкохол за да се освежат во текот на летните вечери, но всушност тоа дополнително го дехидрира организмот, ги шири крвните садови и може да предизвика осцилации во притисокот.

Бидете внимателни со: пиво, вино, коктели, особено доколку ги пиете на сонце или без доволно внесување на вода.


Наместо тоа, бирајте:

- Сезонско овошје (лубеница, диња, праска);
- Зеленчук (краставица, домат, пиперка);
- Интегрални житарки;
- Јаткасти плодови.

И, секако доволно внесување вода и природни сокови без шеќери.