Ова е најздравиот појадок за чистење на цревата: Не создава чувство на тежина, заситува и го забрзува метаболизмот

Точка

25/06/2025

09:33

1.846

Големина на фонт

а а а

Палентата е совршен оброк за појадок затоа што е лесен, ви дава сила и чувство на ситост за останатиот дел од денот.

Иако некогаш често била на трпезите, сега како малку да е заборавена, но никогаш не е доцна повторно да ја сместите на вашето мени.

Претставува многу здрава намирница која се прави од пченкарен гриз, а може да се најде и во ќесички и разни пакувања, се подготвува на безброј начини.


Пченкарното брашно или гризот позитивно влијаат на општото здравје на луѓето. Палентата не содржи глутен поради што е погодна за сите оние кои се соочуваат со пречувствителност на глутен, заситува и се препорачува за сите возрасти.

Палентата содржи природни масти, односно каротеноиди, а токму тие здрави масти се заслужни за подобро функционирање на нашите црева.

Пченката исто така содржи голема количина фосфор, магнезиум, цинк, калиум, бакар, селен и манган.

Благодарение на пченката, палентата има многу малку калории поради што е идеален оброк за слабеење.

Таа е една од најдобрите и најефикасни намирници која се препорачува за консумирање затоа што се подготвува брзо и лесно, а вкусот е благ и пријатен, покрај тоа не создава чувство на тежина во стомакот.

Палентата треба да ја консумираме барем еднаш неделно затоа што ги чисти цревата и го забрзува метаболизмот, а целосно е непотребно да ви зборуваме за тоа колку е поздрав избор од работите кои се продаваат во пекарниците.


За една порција палента ставете 2 децилитри вода да зоврие, ставете една лажица сол и една лажица масло. Кога водата ќе зоврие, тргнете го садот од рингла и додадете две и пол лажици палента.

Мешајте на пониска температура две до три минути. Во палентата може да додадете сирење, кајмак, ленено семе, семки од сончоглед, ајвар, а може да ја прелиете и со топло млеко.

Напомена: При мешањето на палентата се препорачува дрвена лажица поради самата оксидација до која може да дојде при употреба на метална лажица.