Во светот на гламурот, црвениот тепих и филмската магија, ретко кога имаме можност да ѕирнеме зад кулисот на совршениот живот на славните.
Шпанскиот актер Хавиер Бардем, ја отворил душата и споделил приказна која е далеку од холивудскиот сјај, онаа за љубовта, родителството и борбата на неговата сопруга Пенелопе Круз, со постпородилната депресија.
Во ексклузивно интервју за „The New York Times“, Бардем првпат јавно говорел за тешкиот период низ којшто поминала славната актерка после породувањето на нивното прво дете, синот Лео во 2011 година.
„Бременоста не беше толку тешка. Но, депресијата потоа... Тоа беше нешто што не знаеше како да го изрази. Сето тоа беше ново за неа“, изјавил Хавиер.
Открил дека тогаш не бил ни свесен низ што минува Пенелопе.
„Не можав да ги сфатам размерите на она што се случува, за жал. Но, подоцна разбрав. Таа е неверојатна, храбра жена и успеа да зборува за тоа“.
Нивната љубовна приказна започнала уште во 90-тите на снимање на филмот „Jamon Jamon“, но вистинската хемија се случила подоцна на сетот на филмот „Vicky Cristina Barcelona“.
„Знаевме дека тоа е тоа. Се обидовме да го игнорираме тоа, но едноставно не можевме“, искрено рекол Бардем.
Иако и двајцата тогаш биле внимателни поради кариерата, патувањата и вниманието од јавноста, сепак не можеле да побегнат од она што било очигледно.
„На последната вечер од снимањето испивме неколку пијалаци, а тоа сега е 18 години наназад“, изјавил низ насмевка актерот.
Токму тој филм на Пенелопе ѝ донел и Оскар за најдобра споредна актерка и таа станала првата Шпанка која ја освоила таа престижна награда.
Бардем го споделил и својот емотивен пат, по крајот на долгата врска на 37 години, поминал низ период на длабока тага.
„Бев тажен. Не размислував за мрачните работи, но го изгубив чувството на радост“.
Токму тогаш се вратил на работа и му се случила Пенелопе. Судбината ги споила баш кога требало.
Денес, додека ја снима новата серија во Атланта, Бардем со себе ги носи рачно напишаните љубовни писма на Пенелопе и цртежите на нивните деца Лео и Луна.
„Без нив моето тело физички чувствува болка и тага“, признал актерот.
Парот има и едно правило – никогаш да не поминуваат повеќе од две седмици раздвоено.
„Не се сеќавам на животот пред децата. Сѐ се смени и благодарен сум на тоа“, заклучил актерот.