Овие хороскопски знаци не „паѓаат“ на убави зборови, не патат од внимание и не ги искажуваат своите емоции пред било кој.
Довербата кај нив не е подарок туку процес, и тоа долг процес, но секогаш искрен.
Ѕидовите кои ги издигнале околу себе не се поради драма туку затоа што срцето повеќе пати ја научило лекцијата. Иако се топли, длабоки и способни за љубов, тоа нема да го дознаат веднаш.
Шкорпиите не веруваат лесно. Иако на прв поглед можат да делуваат отворено и харизматично, нивната вистинска емоционална длабочина е скриена зад слоевите заштита. Не затоа што играат игри туку затоа што чувствуваат премногу и пребрзо.
Нивниот радар за неискреност е речиси совршен, а доколку почувствуваат дека некој има скриени мотиви, веднаш ја затвораат вратата. Да ја освоите Шкорпијата значи да бидете целосно автентични, константни и подготвени да го издржите емоционалниот тест. Затоа што кога еднаш ќе кажат „ти верувам“, тоа значи дека го тргнале оклопот.
Јарците делуваат ладно, па дури и недостапно, но тоа е така само заради заштитата која со години ја развивале. Нив им треба време некому да му поверуваат затоа што нив довербата не им е романтична идеја туку одговорност.
Тие набљудуваат сѐ, вашите одлуки, однесување кога не сте под светлото на рефлекторите, вашата доследност. Доколку ветите, а не исполните, тие тоа го паметат. Кога ќе ве пуштат во близина, ќе знаете дека тоа е поради тоа што сте, а не поради тоа што сте го кажале. И, токму затоа нивната доверба е толку вредна затоа што никогаш не ја даваат лесно.