[ФОТО] „Одмори сега, татко мој“: Емотивното збогување на Лу, ќерката на Матија Дедиќ – зборови кои ја параат душата

Кармин

11/06/2025

14:50

1.542

Големина на фонт

а а а

Хрватскиот музичар Матија Дедиќ почина на 53-годишна возраст. Тој беше еден од најпочитуваните џез пијанисти во регионот, син на музичките легенди Арсен Дедиќ и Габи Новак.

Со него се збогуваа неговото семејство и многу пријатели, а сега се огласи и неговата ќерка Лу Дедиќ со многу емотивна порака.

Ова дваесетгодишна девојка ја сподели целата болка и тага што ја носи поради смртта на нејзиниот татко, а нејзините зборови ја допреа јавноста. Таа покажа колку силна врска имала со својот татко.



„Незамисливо е што повеќе те нема, што нема да те видам повторно, но ќе останам силна затоа што најмногу се восхитуваше на мојата сила. Секогаш зборуваше дека сум силна лавица, а ти емотивна риба“, ја започнала својата објава Лу, потсетувајќи се на заедничките моменти и на темите што ги поврзувале – астрологија, нумерологија, мистерија и теории на заговор.

„Тоа беа некои од нашите омилени теми, за кои разговаравме со часови во твојата кујна со кафе и цигари.“

Таа нагласила во својата објава колку многу ѝ значеле вниманието и нежноста на нејзиниот татко.

„Ти благодарам за сè, за твојата грижа, нежност и добрина, за животот што ми го овозможи и во текот на кој ме чуваше како капка вода на дланката, твојата единствена ќерка. Ќе ги остварам нашите соништа и ќе те направам горда, исто како што ти ме направи мене најгорда на светот.“


Лу додала и дека дури со годините целосно ја разбрала големината на неговото уметничко дело:

„Како мало дете, те нарекував  „мајсторе“, и еве, ти беше навистина неповторлив мајстор во она што го правеше. Остави зад себе големо музичко богатство.“

Двајцата и професионално соработуваат во последните години, поради што била особено среќна:

„Бесконечно сум благодарна за тоа, пред сè, затоа што знам колку тоа те исполни. Уште еднаш, ти благодарам за сè, а сега одмори се, татко мој“напишала Лу.


Матија Дедиќ почина на 53-годишна возраст. Тој беше еден од најпочитуваните џез пијанисти во поранешна Југославија, син на музичките легенди Арсен Дедиќ и Габи Новак. Џез дипломирал во 1997 година на реномираната уметничка академија во Грац, а во текот на својата кариера соработувал со бројни домашни и странски музичари, оставајќи зад себе импресивно творештво кое ќе продолжи да живее.


Лу објави преку Инстаграм дека во наредните денови ќе се одржи комеморација за неговата смрт.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk