Добро познатите сандали кои нè следат уште од детството доаѓаат во малку поинаква верзија, а секоја дама ќе посака да ги има во својата летна колекција.
Станува збор за апостолки-сандали, а истите би можеле да станат голем тренд во летото што нѝ претстои кога станува збор за лежерни комбинации.
Овие апостолки-сандали, се карактеризираат со тенка врвка (јаже) кое доаѓа наместо класични кожни или пластични ремени, најчесто во многу светли бои како портокалова, црвена, зелена.
Овие сандали се инспирирани од стилот на планинарите и качувачите на карпи чија опрема е некомплетна без рамни чевли и јажиња. Токму како оние што се наоѓаат на овие сандали.
Бидејќи се инспирирани од спортски активности и се вистинско лежерно парче, најчесто ќе бидат дел од секојдневни, опуштени комбинации. На пример, ќе ги комбинираме со бермуди, обични маички без ракави или предимензионирани маички со кратки ракави, ленени кошули и сл.
Но, кога станува збор за овие сандали не постојат ограничувања, бидејќи тие одлично ќе се вклопат и со тексас мини здолништа, макси здолништа, летни фустани… Можностите се навистина бесконечни!
Овие сандали веќе полека, но сигурно, почнаа да го заземаат своето место на полиците на бројни продавници.