Науката вели: Телефонскиот разговор со мајката има ист ефект како прегратка, а еве зошто

Точка

12/06/2025

11:07

511

Големина на фонт

а а а

Доколку имате здрав и близок однос со вашата мајка, веројатно е дека прво нејзе ќе ѝ се обратите кога сте под стрес. Постои нешто неверојатно утешно во тоа кога мајката ќе нѝ каже дека сè ќе биде во ред.

Се покажа дека чувството не е само субјективно; туку е универзално. Без разлика дали разговараме лице в лице или по телефон, истражувањата покажаа дека само разговорот со вашата мајка може значително да го намали нивото на стрес.


Во една студија, научниците откриле дека разговорот со мајка по телефон има ист ефект како и физичкото присуство – барем кога станува збор за емоционална поддршка.

Телефонскиот разговорот со мајка го намалува стресот исто како и прегратката

Истражувачки тим предводен од Лесли Селцер, постдокторски соработник во „Child Emotion Lab“ на Универзитетот во Висконсин-Медисон, ги објави своите наоди во списанието „Proceedings of the Royal Society B“. Тие заклучиле дека нема разлика во намалувањето на стресот помеѓу разговорот со мајка лично и разговорот со неа по телефон.

Во студијата учествувале 68 девојчиња на возраст од 7 до 12 години кои поминале низ стресни задачи – решавање математички проблеми и држење јавен говор пред публика. Потоа, девојчињата биле поделени во четири групи: една група била оставена сама без никаков контакт со мајките, друга група разговарала лично, третата група разговарала по телефон, а четврта група преку СМС-порака.


Резултатите биле изненадувачки. Девојчињата кои разговарале со своите мајки – без разлика дали лично или по телефон – имале повисоки нивоа на окситоцин, хормон поврзан со поврзување, доверба и емпатија. Двете групи имале и пониски нивоа на кортизол, хормон на стрес.

Од друга страна, девојчињата кои комуницирале со своите мајки само преку текстуални пораки имале значително пониски нивоа на окситоцин и повисоки нивоа на кортизол – речиси како воопшто да немале контакт.

Со гласот на мајката против стресот

„Претходно се сметаше дека е потребен физички контакт за ослободување на окситоцин“, рече Селцер. „Но, овие резултати јасно покажуваат дека гласот на мајката може да има ист ефект како прегратка – дури и кога таа не е физички присутна“.

Сет Полак, директорот на лабораторијата, додаде: „Со години гледав како учениците ги повикуваат своите мајки веднаш по испитите. Мислев дека е претерано, но сега гледам дека всушност може да биде брз и ефикасен начин да се чувствувате подобро. Не е некоја „поп психологија“ туку вистинска физиолошки реакција“.


Никогаш не сме престари за мајчинска поддршка

Според порталот „Nemours Kids Health“, секое дете ќе доживее стрес во одреден момент. Клучната улога на родителот е да обезбеди чувство на сигурност, љубов и да биде тука за своето дете кога му е потребно.

Оваа студија го потврдува она што многумина интуитивно го чувствуваат – гласот на мајката, без разлика дали лично или преку телефон, може да има моќен ефект врз емоционалната благосостојба, а без оглед на возраста разговорот со мајката секогаш е добредојден.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk