Главниот фактор за беспрекорниот изглед на Јапонките дефинитивно е нивниот режим на исхрана.
Погрешно е мислењето дека Јапонците јадат само суши. Напротив – нивното мени е преполно и освен риба содржи морски плодови и зачински билки, зеленчук, соја, ориз, овошје, зелен чај.
Висококалоричните јадења, како и брзата храна, ретко може да се видат на нивната чинија. При изборот на храна важно им е да биде сезонска и свежа, на зима јадат месо, риба, супа и пијат топли напитоци, додека пак на лето јадат плодови од морето, ладна супа, салати.
Варењето, печењето на жар, варење на пареа, динстување со малку масло – така се подготвува храната во Јапонија. Зеленчукот секогаш се сече на тенки листови за што помалку термички да се обработи, а да ги задржи своите хранливи материи.
Природната убавина, бојата и вкусот им се на прво место, затоа се многу внимателни со зачините и не претеруваат со нив заради здравјето на желудникот.
Внесувањето на храната кај Јапонците значи ритуал. Јадат полека, во мали залчиња и мали порции. Храната ретко се декорира затоа што се инсистира на природниот изглед, а речиси никогаш не ставаат две различни јадења во иста чинија затоа што тоа се смета за недостаток на вкус.
Оризот е составен дел од речиси секое јадење во Јапонија, а најчесто се подготвува само со додавање на сол и путер.
Во Јапонија појадокот е таков што мора да се состои од различни намирници и неколку мали порции. Треба да има неколку јадења, вообичаено риба, ориз, омлет, супа и малку зеленчук. Покрај тоа, секако тука е и чајот.
Јапонците ретко јадат десерти, а кога јадат тоа го прават во мали количини. Немаат големи торти и колачи, а прават сладолед од ориз. Ова се слатки со ниско ниво на шеќер и веројатно ние не би ги сакале со оглед на тоа дека сме навикнати на навистина слатки десерти.