Хрватскиот музичар Матија Дедиќ почина на 53-годишна возраст. Тој беше еден од најпочитуваните џез пијанисти во регионот, син на музичките легенди Арсен Дедиќ и Габи Новак.
Со него се збогуваа неговото семејство и многу пријатели, а сега се огласи и неговата ќерка Лу Дедиќ со многу емотивна порака.
Ова дваесетгодишна девојка ја сподели целата болка и тага што ја носи поради смртта на нејзиниот татко, а нејзините зборови ја допреа јавноста. Таа покажа колку силна врска имала со својот татко.
„Незамисливо е што повеќе те нема, што нема да те видам повторно, но ќе останам силна затоа што најмногу се восхитуваше на мојата сила. Секогаш зборуваше дека сум силна лавица, а ти емотивна риба“, ја започнала својата објава Лу, потсетувајќи се на заедничките моменти и на темите што ги поврзувале – астрологија, нумерологија, мистерија и теории на заговор.
„Тоа беа некои од нашите омилени теми, за кои разговаравме со часови во твојата кујна со кафе и цигари.“
Таа нагласила во својата објава колку многу ѝ значеле вниманието и нежноста на нејзиниот татко.
„Ти благодарам за сè, за твојата грижа, нежност и добрина, за животот што ми го овозможи и во текот на кој ме чуваше како капка вода на дланката, твојата единствена ќерка. Ќе ги остварам нашите соништа и ќе те направам горда, исто како што ти ме направи мене најгорда на светот.“
Лу додала и дека дури со годините целосно ја разбрала големината на неговото уметничко дело:
„Како мало дете, те нарекував „мајсторе“, и еве, ти беше навистина неповторлив мајстор во она што го правеше. Остави зад себе големо музичко богатство.“
Двајцата и професионално соработуваат во последните години, поради што била особено среќна:
„Бесконечно сум благодарна за тоа, пред сè, затоа што знам колку тоа те исполни. Уште еднаш, ти благодарам за сè, а сега одмори се, татко мој“напишала Лу.
Матија Дедиќ почина на 53-годишна возраст. Тој беше еден од најпочитуваните џез пијанисти во поранешна Југославија, син на музичките легенди Арсен Дедиќ и Габи Новак. Џез дипломирал во 1997 година на реномираната уметничка академија во Грац, а во текот на својата кариера соработувал со бројни домашни и странски музичари, оставајќи зад себе импресивно творештво кое ќе продолжи да живее.
Лу објави преку Инстаграм дека во наредните денови ќе се одржи комеморација за неговата смрт.