Никој не очекуваше ваков расплет на семејната драма! Дејвид и Викторија Бекам се очајни – нивниот син Бруклин донел тешка одлука

Кармин

11/06/2025

18:20

1.703

Големина на фонт

а а а

Бруклин Бекам, најстариот син на славниот пар Дејвид и Викторија Бекам, наводно им соопштил на членовите на своето семејство дека не сака да има никаков контакт со нив, и дека не одговара на нивните пораки, пренесува „Пејџ сикс“, повикувајќи се на извори блиски до семејството.

Во екот на долгонајавуваниот семеен конфликт, Бруклин моментално се наоѓа во неформална „пауза“ од односите со своите родители, но и со браќата и сестрата, со кои досега беше мошне близок.

„Бруклин им порача на своите дека не сака никаков контакт и не реагира кога се обидуваат да стапат во врска со него“, изјавил извор близок до семејството Бекам.


Во меѓувреме, Бруклин (26) неодамна на Инстаграм јавно ѝ изрази љубов на својата сопруга Николa Пелц (30), ќерка на милијардерот и инвеститор Нелсон Пелц од Мајами. Тој објави видео од возење мотор, на кое Николa седи зад него, со опис: „Целиот мој свет, секогаш ќе те сакам. Секогаш те бирам тебе, љубов, ти си најневеројатната личност што ја познавам. Засекогаш ти и јас, љубов“.


Таа објава дополнително ја засилила шпекулацијата дека постојат тензии меѓу Бруклин и неговото семејство, особено бидејќи тој и Николa не присуствуваа на ниту еден настан организиран по повод 50. роденден на Дејвид Бекам, и покрај тоа што во тој период се наоѓаа во Обединетото Кралство.


Извор за „Метро“ открил дека Викторија е многу потресена и дека очајно сака Бруклин да се предомисли и повторно да се зближи со семејството.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk