[ФОТО] Пред да се венча за славниот Србин, била во врска со европскиот принц: Ова е одамна заборавената љубов на Адријана Лима

Кармин

13/06/2025

09:25

1.220

Големина на фонт

а а а

Пред да стапи во брак со српскиот кошаркар Марко Јариќ, една од најубавите жени на светот, бразилската манекенка Адријана Лима, била во врска со принц.

Иако на овие простори е позната како „српска снаа“, благодарение на бракот со Јариќ, љубовниот живот на Лима отсекогаш бил интересен за јавноста.

Особено внимание привлекла кога изјавила дека планира да остане девица до бракот, што дополнително го зголемило интересот за нејзините партнери. Пред да се венча со Јариќ, неа ја поврзувале и со славниот музичар Лени Кравиц и поранешната бејзбол ѕвезда Дерек Џетер.


Сепак, она што многумина не го знаат е тоа што таа во минатото била во врска со принц.

Од 2003 година до 2006 година, Адријана била во емотивна врска со принцот Вензеслаус од Лихтенштајн, синот на принцот Филип Еразмо и принцезата Изабел. Иако никогаш отворено не говорела за тоа, парот често бил забележуван заедно на јавни настани каде не ја криеле блискоста.

Принцот, познат и како принц Венс е роден во мај 1974 година и е второ дете од тројцата браќа.

Принцот Венс светските медиуми често го сместуваа на листата меѓу најпосакуваните ергени и го опишуваа како шармантно момче кое го поминува времето во друштво на атрактивни жени, иако ретко јавно се експонирал и вешто успевал да го држи приватниот живот во тајност.

Често бил забележуван на гламурозни настани ширум светот, но останал енигма и за најпознатите таблоиди.


Како и неговиот татко, принцот изградил кариера и во финансискиот сектор, а до 2021 година ја извршувал функцијата извршен директор во лондонската компанија „Dalton Strategic Partnership“.

Животот на Адријана и на љубовен и на професионален план отсекогаш бил предмет на голем интерес, а врската со овој принц останува една од оние фасцинантни поглавја кои ретко кој ги памети, но совршено ја отсликуваат нејзината бајковита животна приказна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk