[ФОТО] Кај неа нема ништо умерено, дури и кога се работи за новогодишната декорација: Погледнете како Ким Кардашијан го украсила својот дом

Кармин

04/12/2025

20:40

429

Големина на фонт

а а а

Од година во година, Ким Кардашијан ги поместува границите кога станува збор за украсување на нејзиниот дом од 1.400 квадратни метри пред новогодишните празници.

Како и секогаш, тоа предизвика лавина коментари и сигурни сме дека многумина ќе посакаат ваква елка во својот дом.


Оваа година, минимализмот е во тренд кога станува збор за празничното украсување на куќата, но Ким и минимализмот дефинитивно не одат заедно, па така таа решила да го приспособи овој тренд на себе.


Имено Кардашијан ги украсила елките само со светилки, што е во согласност со овој тренд, но наместо една елка, решила да внесе цела шума во куќата.


Низ целата куќа има новогодишни елки, украсени само со едноставни светилки и вештачки снег. Речиси е невозможно да се избројат елките во домот, но атмосферата се чини топла и опуштена.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk