Кејт Мидлтон не беше единствената модна икона вчера во Виндзор: Се појави прекрасната манекенка, а нејзиното гламурозно издание остави неверојатен впечаток

Кармин

04/12/2025

17:53

792

Големина на фонт

а а а

Во стариот дворец Виндзор беше приреден свечен државен банкeт со кој кралот Чарлс му посака добредојде на германскиот претседател – првиот што престојува во посета на Велика Британија по речиси три децении.

Во раскошната сала „Сент Џорџ“ се собраа високи претставници од политичкиот и културниот живот, а меѓу гостите, на изненадување на многумина, се најде и Клаудија Шифер.


Во салата „Сент Џорџ“ овие денови доминира смрека висока шест метри, осветлена со три илјади светилки и украсена со елегантни зелени и златни орнаменти. Балустрадите и балконите се украсени со гирланди, а подот – со црвен тепих што се протега низ целата просторија, како и со педесет метри долгата маса од махагониум. Синоќа, на кралскиот банкeт, токму таму седеше и славната манекенка Клаудија Шифер.

Како еден супермодел се најде меѓу 150-те гости од светот на политиката, бизнисот, уметноста, науката и, секако, членовите на кралското семејство? И тоа само две места подалеку од кралот Чарлс, блиску до принцезата од Велс, а веднаш покрај британскиот премиер сер Кир Стармер?


Одговорот е логичен – банкeтот беше приреден во чест на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, а таа, без претерување, своевремено беше еден од најголемите германски „извозни производи“.

Освен тоа, Шифер е мажена за познатиот англиски режисер Метју Вон, кој потекнува од аристократското семејство Драмонд, а минатата година беше одликуван со титулата витез – „сер“, за заслуги во филмската индустрија (тој ги режираше хитовите „Snatch“ и „Lock, Stock and Two Smoking Barrels“).


Така, Клаудија Шифер синоќа на листата на гости беше заведена како „лејди“. Познатата манекенка и нејзиниот сопруг од 2002 година живеат во Сафарк, во раскошна вила во тудор-стил, и се сметаат за дел од британското високо општество.

На церемонијата во Виндзор се појавила во елегантен црн фустан со интересни украсни детали во форма на скапоцен камен. Фризурата и бојата на косата не ги променила – тоа и понатаму е нејзиниот препознатлив изглед, а фигурата ѝ е иста како во времето кога го освојуваше модниот свет, иако во меѓувреме роди три деца.

Кејт Мидлтон, синоќа, дефинитивно не беше единствената икона на стилот во просторијата…



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk