Таа помина пат од слатка девојка од соседството, преку најсекси жената на планетата, до 58-годишна дама која реши да старее природно, без шминка и какви било екстравагантности. Нејзините постери беа неизоставен дел од собата на секое младо момче, како во светот, така и кај нас. Денес конечно добива признание за своето дело, а не само за изгледот.
Фотографијата на Памела Андерсон во нејзиниот дом во Британска Колумбија, Канада, од 1985 година, стана вирална на социјалните мрежи. Родена на 1 јули 1967 година, таа пораснала во мирно опкружување, несвесна за славата која ја чека — на почетокот на кариерата, првенствено заради екстремно атрактивниот изглед, кој буквално на сите им беше прва асоцијација за сексапилност.
Иако на популарната фотографија сè уште има природна боја на коса — која полека се враќа, бидејќи неодамна ја видовме како црвенокоса — таа наскоро станува најпознатата русокоса на планетата. Сите ја гледаа како „жива барбика“, но нејзиниот X фактор го надживеа пикот на нејзината убавина и атрактивност, особено истакнат во култната улога во „Чувари на плажата“. Во шестата деценија, таа сè уште плени со изгледот, но „тоа нешто“ во неа посебно го привлекува вниманието, иако приоритетите во јавниот живот ѝ се сменети.

Кога ќе се вратиме во времето кога е направена фотографијата од младата Памела со кратка коса — пред „Чувари на плажата“ и пред да стане едно од најпознатите лица на деведесеттите — таа била само „обична“ девојка од малото градче Ладисмит во Британска Колумбија. Фотографијата ја прикажува во непознато светло, дома, пред да ѝ се отворат вратите на Холивуд — опуштена, самоуверена и насмеана, во момент на мир пред бурните денови на слава кои подоцна ќе го обликуваат нејзиниот живот.

Нејзиниот пат кон слава започнал неколку години подоцна, кога камерите ја снимиле за време на еден канадски фудбалски натпревар. Тоа е моментот што ѝ донел договори за моделинг, насловни страници на магазини и, конечно, телевизиска кариера која ќе го зацврсти нејзиниот статус на мегазвезда.
На фотографијата, таа сè уште е тинејџерка во Канада и далеку од глобалното внимание. Инаку, студирала фитнес во Ванкувер и сакала да стане фитнес инструкторка, но животот имал други планови за неа.

Првиот голем пресврт се случил кога компанијата „Labatt Beer“ ја искористила нејзината фотографија за национална кампања — со што нејзината кариера практично се вивна во ѕвездите преку ноќ.

Денес, таа ужива во дружба со колегата Лиам Нисон, за кој се шпекулира дека е нејзин нов емотивен партнер, но најмногу радост ѝ носат синовите Брендон Томас и Дилан Џегер.
Што се однесува до кариерата — таа не ја запоставува. Последниот филм во кој заблеска во главна улога е „The Last Showgirl“.


