[ВИДЕО] „Новак брутално ја понижил Јелена, после оваа изјава спиел на кауч“: Интервјуто на Ѓоковиќ кое ги изненади фановите, ова од него не се очекувало

Кармин

03/12/2025

11:05

1.733

Големина на фонт

а а а

Дека Новак Ѓоковиќ е шегаџија и дека умее да кокетира, не е новост. Тој умее да се шегува, а некогаш тие шеги се доживуваат во целосно поразлично светло од она кое тој би сакал.

Со оглед на тоа што тој е среќно емотивно зафатен речиси цела своја кариера, не е ниту чудно што и најмалиот флерт со друга девојка може да биде доживеан на драматичен начин.

Во едно интервју кое сега станало вирално на социјалните мрежи, Новак бил прашан дали е во потрага по нов тренер, односно дали има некој во план.

Прашањето го поставила непозната девојка и сите прво помислиле – како ќе реагира Јелена Ѓоковиќ?

„Дали си слободна?“

Имено, кога новинарката почнала да ја изговара реченицата: „Дали си размислувал за...“, а тој ја прекинал со флертувачка насмевка на лицето и ја прашал: „Дали си ти слободна?“.

Целата сала почнала да се смее, а новинарката била видно возбудена и збунета, додека пак Ноле постојано се смешкал. Таа одвај успеала да се свести и да го заврши прашањето кое гласело: „Дали си размислувал да бидеш без тренер како Ник Кирјос, односно самиот да се тренираш себеси?“.

На тоа добила одговор дека би сакал контроверзниот Австралиец да му биде тренер – со уште една широка насмевка на лицето.


„Ноле, Ноле, ѓаволу“

Тие 27 секунди од видеото биле доволни за интернетот целосно да „полуди“ и да добие инспирација за разни коментари.

„Новак баш ја понижи Јелена со оваа изјава. После спиел на кауч сигурно“, „Го гледате ли вие тој заводлив поглед?“, „Ноле, Ноле, ѓаволу“, „Како ѝ било на Јелена додека го слушала ова?“, биле дел од коментарите.

Секако имало и такви коментари кои го бранеле Новак: „Не знам што гледаат лошо во сето ова, оставете го човекот да биде свој – опуштен и духовит“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk