Макпетрол со колективна игра до победа во дуелот со Халк Банка

Точка

16/04/2025

10:21

210

Големина на фонт

а а а

Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.

Макпетрол со колективна игра до победа во дуелот со Халк Банка

Макпетрол 4-0(3-0) Халк Банка

Макпетрол: Наум Тауловски 1”, Мишо Ѓоргиоски 13” 34”, Никола Секуловски 20”

Натпреварот помеѓу екипите на Макпетрол и Халк банка го отвори екипатана Макпетрол во раната фаза во натпреварот преку голманот Тауловски во 1” кој со маестрален погодок од далечина и донесе водство на својата екипа од 1-0. И на двете страни се играше брз и отворен фудбал. Екипите играа колективна игра преку која со одлични асистенции успеваа да стигнат до отворена шанса за гол. Во ваквата игра на екипата на Халк Банкаи изостана реализацијата, што не беше случај со екипата на Макпетрол која успеа со три гола да дојде до водство од 3-0, резултат со кој се замина на полувремето.

Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам играјќи отворен и брз фудбал исполнет со бројни атрактивни асистенции и обиди кон голот на противникот. Екипата на Халк Банка стави акцент на цврстата игра во одбраната, отежнувајќи ја задачата на напаѓачката линија на Макпетрол, но тоа сепак не беше доволно да се сопре вечерва расположената екипа на Макпетрол, па така Макептрол во 34” преку Ѓоргиоски дојде до погодок и ја зголеми предноста на 4-0, резултат со кој заврши овој натпревар.

Реми во дуелот со ЈСП и УНИКА

ЈСП 4-4(2-2) УНИКА

ЈСП: Мартин Ливрински 12” 15” 38”, Гоце Крстевски 26”

УНИКА: Роми Адеми 3, Беким Љута 11”, Рони Адеми 3” 34”

Екипата на УНИКА со маестрална игра го започна првото полувреме во дуелот со ЈСП. Играше цврста одбрана што и овозможуваше преку контра напад да доаѓа до отворени шанси за гол. Кога на ова ќе се додаде одличната реализација која не изостана, УНИКА успеа да дојде до предност од 0-2. Екипта на ЈСП успеа да ги консолидира своите редови и со одлична игра во делот на нападот успеа да израмни на 2-2. Во овие моменти екипата на ЈСП имаше и слободен удар кој не успеа да го искористи па на полувремето се замина со израмнет резултат.

Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам. Се играше крајно израмнето и на двете страни, екипите не дозволуваа ниедна од нив резултатски да се одлепи. Во ваквата поставеност се играше гол за гол се до самиот финиш од овој натпревар кога екипите ги поделија бодовите

Лукоил со одлично второ полувреме до победа над Корпа

Корпа 2-5(1-1) Лукоил

Корпа: Марко Арсовски 19”, Никола Спасовски 40”

Лукоил: Александар Георгиевски 18” 25”, Петар Лефков 26” 38”, Димитар Иванов 31”

Крајно израмнето прво полувреме изиграа екипите на Корпа и Лукоил. И двете екипи играа цврсто во одбраната што оневозможуваше да се дојде до отворена шанска за гол. Прва до водство дојде екипата на Лукоил во завршницата на првото полувреме преку Георгиевски 18”, но Арсовски кај Корпа во самиот финиш од полувремето 19” успеа да израмни на 1-1.

Во второто полувреме екипата на Лукоил ја заигра својата препознатлива игра и од минута во миинута успеваше да стекне резултатска предност. Корпа се обидуваше да најде против игра за ова како би влегла во ритам, но Лукоил не го дозволи тоа па на крајот славепе со 2-5

Во дерби натпревар ТАВ до победа над Glass LUX

Glass LUX 5-6(4-4) ТАВ

Glass LUX: Давид Блажевски 1” 7” 29”, Филип Стајковиќ 9”, Мартин Цветковски 10”

ТАВ: Сабри Лесковица 8” 21”, Јакуп Бејтула 9” 20”, Сеат Демири 19” 27”

Екипата на Glass LUX одлично го започна натпреварот со ТАВ. Уште на самито старт во своите редови го имаше расположениот Блажевски кој со два гола во низа му донесе предност на Glass LUX од 2-0. Екипата на ТАВ преку Лесковица успеа да намали на 2-1, но Glass LUX преку контра напад во реализација на Цветковски зголеми на 3-1. Во понатамошниот дел од натпреварот и двете екипи играа егал, но ТАВ беше присебен успеа да се врати во натпреварот и на полувремето да замине со израмнет резултат 4-4.

Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам. Екипата на ТАВ во самиот финиш имаше предност од 5-6. Во тие моменти Glass LUX во своите редови внесе голман-играч како би можела да се врати во натпреварот, но ТАВ не подпадна под притисокот, остана присебен па на крајот од натпреварот замина со три бодови.