Претседателот на Звезда револтиран: Плаќаме многу пари, за на крај да не крадат!

Дерби

16/04/2025

14:08

1.312

Големина на фонт

а а а

Баерн после голема драма ја совлада Црвена Звезда и ја исфрли од разигрувањето во Евролигата, но финишот од натпреварот донесе и одредена тензија, од која дел беа Никола Калиниќ и тренерот на домаќините, Гордон Херберт.

Кошаркарот на Звезда мораше да биде одвојуван од соиграчите за да не дојде до поголем инцидент, а беше очигледно дека незадоволството кај гостите од Белград е последица на арбитражата во Минхен.

За првпат оваа сезона, тренерот Сферопулос испорача остри зборови за судиските одлуки и посочи дека арбитрите намерно го фаворизирале домашниот тим во клучни моменти, но уште подиректен беше претседателот на клубот, Жељко Дрчелиќ.

– Тоа што го гледавме цела сезона, за жал го гледавме уште еднаш……

– Никој нас не не почестил ништо цела сезона, а третманот кој го добиваме е како да треба да бидеме почестени што играме во Евролига. Плаќаме за да играме Евролига, за на крај да не крадат. Ова е вистински срам, – изјавил Дрчелиќ.