Репрезентативец на Габон загина при пад од 11. кат

Макфакс

16/04/2025

14:38

1.298

Големина на фонт

а а а

Репрезентативецот на Габон, Арон Бопенса почина на 28-годишна возраст откако падна од 11-ти кат на станбена зграда во Кина, каде што настапуваше за суперлигашот Жеџијанг.

Надлежните покренаа истрага поради сомнителниот карактер на целиот случај и падот на фудбалерот. Според извештаите, кинеската полиција разгледува три можни сценарија: самоубиство, несреќен пад и убиство.

Снимено е дека во станот во моментот на инцидентот бил присутен братот на Бопенца, а двајцата наводно се расправале. Инспекторите истражуваат дали расправијата можеби довела до убиство. Се очекува неговиот брат да биде сослушан во рамките на истрагата.

Бопенца го пропушти последниот тренинг на неговиот тим претходно во текот на денот без објаснување, а претставниците на Жеџијанг рекоа дека не можеле да стапат во контакт со него пред да добијат вест за неговата смрт.

28-годишниот габонски напаѓач стана познат за време на неговиот престој во турски Хатајспор, кога постигна 22 гола на 36 натпревари во текот на сезоната 2020-21, кога беше најдобар стрелец во турската Суперлига.

Во својата кариера настапуваше и за Бордо, Ажаксио, Феиренсе, Ал Араби, Ал Шабаб, Синсинати, Рапид Букурешт и од неодамна во кинески Жеџијанг.