Карло Анчелоти на интересен начин го најави реваншот против Арсенал во Лигата на шампиони, но додека го правеше тоа, не пропушти да издвои и една позната изјава на Карлос Алкарас, за која откри дека му служи како добар пример да ги мотивира своите фудбалери изминатите неколку дена.
Искусниот италијански стручњак обелодени дека ја користи изреката на младиот шпански тенисер во изминатите неколку дена, односно бара од своите соиграчи да покажат глава, срце и мадиња во обидот да направат ново европско чудо во Лигата на шампиони.
Изјавата на тренерот на Реал брзо стана најсподелувана во шпанската спортска јавност, а истата допре и до самиот Алкарас кој вчера го играше првиот меч на турнирот во Барселона.
– Ми кажаа како гласела изјавата на Анчелоти и не можев да поверувам до каде стигна изреката на мојот дедо. За мене тоа е неверојатно.
– Навистина ме радува тоа што мислата на мојот дедо добива такво значење. Ако победи и Реал се пласира во полуфиналето, ќе го направи тоа поради тие три нешта. Навистина ме радува што тоа го кажува човек со големина како Карло Анчелоти, – изјави Алкарас.