Тоти воодушевен од една млада ѕвезда во Серија А: Ќе се врати во Реал и ќе биде еден од најдобрите во светот

Дерби

16/04/2025

13:14

1.439

Големина на фонт

а а а

Франческо Тоти е во исчекување на движењата кои се најавени во Рома кога е во прашање тренерот кој ќе го води тимот наредната натпреварувачка сезона, но истовремено, легендарниот капитен ги следи и сите други случувањата во италијанскиот фудбал, кој полека влегува во завршницата од сезоната.

Битката за титулата и местата кои водат во Лигата на шампиони ќе биде интересна до последен момент, но возбудливо ќе биде и за екипите кои се обидуваат да изборат опстанок.

Многу блиску до такво нешто е Комо предводен од Сеск Фабрегас, а бидејќи од овој тим посебно се издвои талентираниот Нико Паз, сега оригинален коментар за аргентинскиот фудбалер даде и Франческо.

– Нико Паз ќе се врати во Реал Мадрид во брзо време и ќе стане еден од најдобрите играчи во светот. Навистина многу ми се допаѓа, станува збор за играч кој поседува голем квалитет. Игра едноставно, креативно, но и палаво во исто време.

– Реал Мадрид направи најдобар избор што го прати во Италија. Во Комо ќе стекне потребно искуство, а Серија А не е нималку наивно натпреварување, – вели Тоти.