Рашфорд ја измеша одбраната на ПСЖ, Руни јавно го испофали: Ова е вистинскиот Маркус

Дерби

16/04/2025

12:23

1.741

Големина на фонт

а а а

Маркус Рашфорд се обидува да ја пронајде својата вистинска форма откако направи трансфер од Манчестер Јунајтед во Астон Вила, а ако се суди според вчерашното издание, напаѓачот е многу блиску до такво нешто.

Астон Вила одигра сензационално второ полувреме и го натера ПСЖ да се брани со сите сили за да сочува резултат кој му гарантира полуфинале, па иако „светците“ успеаја во својата намера, цела Англија остана горда на фудбалот кој го покажа тимот од Бирмингем.

Избраниците на Унаи Емери имаа измешани чувства по победата од 3:2 и тоа е сосема очекувано со оглед на елиминацијата, но Вејн Руни нагласи дека играчите треба да бидат горди на себе, а особено Маркус Рашфорд кој имаше и едно брилијантно движење во моментите кога го намести третиот гол.

– Маркус ја демонстрираше својата вештина, својата способност да остава играчи зад себе, но и свесноста дека треба да застане кога тоа е потребно. Ова е вистинскиот Рашфорд, се надевам дека ќе се врати во Манчестер Јунајтед и дека ќе игра на овој начин.

– Тој е дете на Јунајтед, сигурен сум дека во идеален свет сака да остави наследство во Манчестер. Не знам дали ќе му овозможат такво нешто, но навистина сакам да видам такво нешто, – изјави Руни.