Луис Енрике втора година по ред го однесе ПСЖ во полуфиналето во Лигата на шампиони, а во ситуација кога навистина може да биде задоволен од изгледот на неговиот тим, вчера за првпат после подолго време беше подложен на стресни ситуации на „Вила парк“.
Францускиот шампион беше на чекор да испушти огромна предност и да доживее шокантна елиминација во Лигата на шампиони, но на крајот одолеа на притисокот кој го создаде Астон Вила и се пласираше во полуфиналето со разлика од само еден гол.
ПСЖ одигра катастрофално второ полувреме и ризикуваше да фрли во вода се добро што градеше во досегашниот тек на Лигата на шампиони, а бидејќи во одлично светло се покажаа противниците од Астон Вила, шпанските новинари се обиделе од Лучо да извлечат и неколку позитивни зборови за Унаи Емери.
Новинарката Моника Марчанте од „Мовистар плус“ му порачала на Луис Енрике дека неговиот колега заслужува признание за она што го прави во Астон Вила, по што тренерот на ПСЖ го дал следниот одговор:
– Ве разбирам, но мислам дека не. Мислам дека признанието овојпат треба да замине за мене. Исто како и Унаи, сите шпански тренери треба да добиваат признание кога прават нешто важно, кога ги спроведуваат своите идеи во фудбалска Европа. Барам почит за сите тренери. Наша цел е да се натпреваруваме на најдобар можен начин и да ја пренесеме нашата фудбалска идеја. Сите шпански тренери се обидуваме да ја пренесеме нашата идеја во Европа, а не само Унаи, – гласи изјавата на Луис Енрике.
😱 Le piden a Luis Enrique un piropo para Emery y deja en shock a todos con su respuesta pic.twitter.com/DPv0cf7Yoi
— Diario AS (@diarioas) April 15, 2025