[ФОТО] Познатиот Пабло Пикасо го направил постерот за најскапиот југословенски филм: Сите очекувале да бара милиони, а неговиот хорорар бил...

Точка

08/04/2025

21:52

5.362

Големина на фонт

а а а

Пабло Пикасо, еден од најголемите уметници на сите времиња, умрел на денешен ден, 8 април 1973 година во 91-година од животот како последица на срцев удар.

Покрај неговото огромно животно дело, интересно е да се спомене дека го дизајнирал плакатот за најскапиот и најгледаниот југословенски филм, „Битката на Неретва“, кој освои бројни награди и беше номиниран за Оскар.

„Битката на Неретва“ е еден од најамбициозните филмови на поранешна Југославија. Најголемите sвезди на светот во тоа време, Јул Бринер, Франко Неро и големиот Орсон Велс им се придружиле на актерските легенди во регионот.

На светски познатиот сликар шпански сликар Пабло Пикасо му било понудено да го изработи постерот за филмот.

Во тоа време сликарот го проследил документарниот филм „Скопје ’63“ од Вељко Булајиќ, посветен на катастрофалниот земјотрес во нашата престолнина. Документарниот филм ја доби наградата „Златна Нимфа“ од критичарите во 1964 година во Монте Карло.

Претседателот на жирито бил француски учител, Марсел Ашард, кој бил сместен заедно со Пабло Пикасо и му покажал копија од филмот на Вељко во студиото. Пикасо дошол на завршната церемонија и му честитал на Вељко Булајиќ за документарниот филм за земјотресот во Скопје.

Наскоро Булајиќ му понудил на агентот на Пикасо да направи постер за филмот „Битката на Неретва“. Откако завшило снимањето и го изгледал филмот, проучувајќи ги настаните, Пикасо потврдил дека ќе го направи плакатот за „Битката на Неретва“ но и дека ќе го искористи неговото легендарно уметничко дело „Сабине“ во црвена боја за истиот.

Кога Пикасо го прифатил предлогот филмската екипа се нашла во паника бидејќи морале да смислат како да му платат на Пикасо.

Познатиот уметник не барал никаков хонорар, единствено што побарал биле 12 одбрани шишиња вино од тогашна Југославија, меѓу кои и од Македонија. Се вели дека причината за ваквата скромност е всушност неговата фасцинација од филмовите од тогашна Југославија. Пикасо бил голем фан на творештвото од регионот.

Инаку, плакатот за „Битката на Неретва“ е еден од единствените два филмски плакати зад кои стои потписот на Пабло Пикасо.

На премиерата на филмот што се одржала на 29 ноември 1969 година, на отворањето на Центарот за култура и спорт „Скендерија“ во Сараево, покрај Јосип Броз Тито и филмската екипа наводно присуствувале Софија Лорен и Омар Шариф.