Татко и син три години бесплатно јаделе во ресторани користејќи ист „трик“ – Кога конечно стигнала сметката, зажалиле

Точка

11/04/2025

21:31

6.632

Големина на фонт

а а а

Полицијата во францускиот град Тулон ставила крај на повеќегодишната измама која ја спроведувале татко и син.

Според порталот „Ici Provence“, двајцата за три години измамиле околу 100 ресторани, оставајќи зад себе сметки кои никогаш не ги платиле.

Бегале „на француски начин“ – без сметка

Тоа не бил обичен обид да се заштеди на вечера. Напротив, дуото покажало импресивно ниво на вкус и стил – секој пат нарачувале комплетен оброк: предјадење, главно јадење, десерт и вино. Сметките обично се движеле меѓу 80 и 150 евра.


Кога ќе дошло времето за плаќање, настапувал нивниот познат „трик“. Картичката на таткото наеднаш „ќе престанала да работи“, а со сите манири и пристојност двајцата тврделе дека сакале да платат, но техничките проблеми ги оневозможиле во тоа.

Таткото потоа го испраќал својот син на банкомат – но за чудо, картичката и таму не работела. Во знак на добра волја, тие оставале лична карта или здравствено осигурување како „гаранција“, со ветување дека ќе се вратат и ќе ги средат работите. Но, се разбира никогаш не се вратиле.


Вистинска мала измама со стил

Рестораните не ги бирале случајно. Таткото темелно ги истражувал рецензиите на интернет, барајќи места со високи оценки за љубезност и гостопримство. И навистина, многу сопственици им поверувале – до моментот кога сфатиле дека биле измамени.

Дополнителен трик? По секој „изгубен“ документ, таткото пријавувал кражба и вадел нов, за да може да ја повтори измамата.


Сметката на крајот - пристигнува од судот

Иако повеќето измамени угостители не поднеле пријави, гласините за измамниците почнале да се шират меѓу локалните сопственици на ресторани. Со текот на времето, информацијата стигнала во полиција – и истрагата започнала.

По неколкумесечна работа, полицијата успеала да го идентификува и уапси ова „гурманско“ измамничко дуо, а конечната сметка ќе им ја издаде француското правосудство.