Дејвид Левин, по потекло од динамичниот Њујорк, решил да го замени своето градско темпо со нешто сосема поинакво – живот во Сараево. Со сопругата Мелиса ги спакувал куферите и се преселил во Босна и Херцеговина, а во интервју за Јутјуб каналот „RahatLand“ ги споделил своите први искуства и изненадувањата кои го пречекале.
Тој раскажал и какво било неговото прво запознавање со босанското секојдневие, што го шокирало, но и било забавно – вклучително и урнебесниот момент од посетата на семејството на Мелиса, кој го насмеал.
„Јас само седев таму, секој си го правеше своето. Отидоа во кујната да сварат кафе. Ја гледам мајка ѝ како оди низ ходникот носејќи ѓезве и ја гледам како оди во тоалет и го спушта ѓезвето во ВЦ школката. Гледам наоколу и се прашувам дали штотуку земала вода за кафе“, рекол Американецот кој тогаш размислувал што се случило.
„Жена ми се врати, а јас ѝ велам: „Штотуку ја видов мајка ти како го стави ѓезвето во ВЦ школката. Таа ми одговори: „Да, се разбира“, а јас ѝ велам: „Што мислиш – се разбира? Тоа е одвратно“, раскажал Левин и признал дека во тој момент воопшто не се разбирале со сопругата како и дека не ѝ било јасно зошто тоа му било одвратно.
Неговата сопруга се обидела да му објасни дека нејзината мајка штотуку го фрлила талогот од кафе, додека тој мислел дека направила нешто многу одвратно.
„Јас полудувам, а таа не може да го разбере она што не ми е јасно. Конечно попуштив и реков: „Добро, во ред“. Потоа ѝ кажав дека мислев дека таа земала вода оттаму. Кога ѝ кажала на мајка си што помислив, жената многу се засрами, но во исто време се смееше“, се потсетил Дејвид.