Во планинскиот регион Хаконе во Јапонија, постои место кое со децении привлекува посетители не само поради својата вулканска активност, туку и поради необичниот гастрономски деликатес, црните јајца, кои, според локалната легенда, можат да го продолжат животот за дури седум години.
Овакудани, што во превод значи „Голема долина што врие“, настанал пред околу 3.000 години по последната ерупција на планината Хаконе.
Денес е позната како една од најактивните геотермални области во Јапонија.
一言説明【黒たまご】
— Japan ''Visual Dictionary'' (@brieflyshortly) February 4, 2025
温泉池で茹でた卵で、大涌谷の名物 (箱根)。黒色の理由はアミノ酸や糖の化学反応。
Brief explanation of Black egg
Eggs boiled in hot spring ponds. It is specialty of Owakudani (Hakone). They are black in color due to a chemical reaction of amino acids or sugars. pic.twitter.com/1os0vnhbHu
Но, покрај својата импресивна природа, Овакудани е познат и по својот единствен локален специјалитет, куро-тамаго – црните јајца кои се варат директно во врели извори богати со сулфур и железо. Според легендата, црните јајца го продолжуваат животот за седум години.
Јајца со поглед на планината Фуџи
Посетителите можат да купат црни јајца во долината Овакудани, позната и како долината на пеколот, да ја гледаат подготовката и да уживаат во магичниот поглед на планината Фуџи, најпопуларната туристичка дестинација во регионот. Според легендата, дури и свештеникот Кукаи (Кобо Даиши) се молел за луѓето во оваа вулкански активна област и им препорачал на верниците да ги консумираат овие јајца.
Овакудани е една од најспектакуларните дестинации во Јапонија, каде што почвата испушта сулфур, а карпестиот терен е обоен во различни нијанси на окер и сива боја. Геотермалното жариште е создадено пред околу 3000 години за време на последната ерупција на планината Хаконе.
Како настанува црно јајце?
Процесот на готвење на овие јајца всушност вклучува потопување на обичните кокошкини јајца во природни извори. Таму, се јавува хемиска реакција помеѓу водород сулфид и железо, што резултира со формирање на железен сулфид, кој ја дава својата карактеристична црна лушпа на јајцето. Нутритивно, внатрешноста на јајцето останува непроменета – тоа е обично варено јајце, но целото искуство на неговото подготвување и конзумирање го прават посебно.
И покрај силниот мирис кој потсетува на сулфур, вкусот е благ и познат. Црните јајца содржат протеини, витамини од групата Б и минерали – сè што се наоѓа во обичните варени јајца.
Здравствен мит или повеќе од тоа?
Приказната за дополнителни седум години живот нема научна потврда, но во јапонската култура бројот седум има посебно значење – се смета за среќен и се поврзува со духовна рамнотежа. Легендата за долговечноста е дополнително засилена со присуството на блиската статуа на Enmei Jizo, која традиционално се поврзува со здравје и долг живот.
Иако нутриционистите потврдуваат дека јајцата имаат бројни придобивки за организмот, важно е да се напомене дека „еликсирот на младоста“ сепак не доаѓа во форма на една намирница.
Црните јајца од Овакудани можеби нема да ви го продолжат животот, но можат да ве потсетат колку е важна исхраната, искуствата и поврзаноста со природата за целокупното здравје.
И понекогаш токму симболиката – како јадење јајце во вулканска долина – нè поттикнува да размислуваме за нашиот однос кон животот, нашите тела и времето што го имаме.