Поранешниот агент на ФБИ Џо Наваро открил кои според него се најголемите „митови“ кога станува збор за говорот на телото. Еден од популарните ставки што луѓето често ги бараат се предупредувачките знаци кои укажуваат дека некој ве лаже.
Меѓутоа, ништо не е како што изгледа, вели поранешниот агент на ФБИ и експерт за говор на телото, кој отфрлил некои теории и митови за несвесното движење на луѓето во видео објавено пред пет години.
Прекрстени раце: „Митот за блокирање на однесувањето“
Некои веруваат дека прекрстените раце укажуваат на тоа дека личноста не ги сака и дека тоа е „блокирачко однесување“ – но Наваро рекол дека тоа е „глупост“. „Тоа е всушност начин на самосмирување“, објаснил тој за „Wired“ и дал примери.
„Кога седите на филм и гледате, ќе ги прекрстите рацете. Кога чекате некого, исто често ги прекрстувате рацете. Тој истакнал дека луѓето тоа го прават почесто во јавност отколку во приватност.
Гледајќи наоколу додека процесирате информации
„Кога размислуваме за нешто, можеби ќе изгледаме на одреден начин додека ги обработуваме информациите. Тоа во никој случај не е показател за измама и навистина не треба да се користи на тој начин. Сè што можеме да кажеме е дека личноста ги процесира информациите“, рекол Наваро.
Кашлање или допирање на лицето
Често се тврди дека деталите како кашлање, покривање на устата или допирање на носот укажуваат на тоа дека некоја личност лаже, но Наваро инсистирал дека тоа не е така. „Ние ги правиме овие дејства како начин на смирување. Тие се смирувачки дејства. Научно и емпириски, едноставно нема ефект на Пинокио (идејата дека физичките знаци, како допирање на носот или покривање на устата, може да укажат дека личноста лаже, слично на она што е прикажано во бајката за Пинокио, оп.а.)“, објаснил тој.
Додал и дека е „глупост“ кога некој тврди дека може да препознае измама затоа што личноста си го допира носот или покрива устата. „Ние луѓето сме лоши во откривањето на измама“, заклучил Наваро.