Со неодамна објавената мини-серија „Адолесценција“, Нетфликс претстави еден од најголемите хитови до сега. Оваа психолошка драма брзо се најде на врвот на глобалните листи со гледаност и предизвика страсни дискусии за темите со кои се занимава.
Ја следи апсењето на момче обвинето за убиство на својата училишна другарка, додека ги истражува темите на токсичната машкост и изолацијата меѓу тинејџерите. Секоја епизода е снимена во еден континуиран, долг кадар, кој веднаш ја вовлекува публиката во напнатата драма. „Адолесценција“ важи за една од највисоко оценетите серии во историјата на Нетфликс.
Серијата се состои од безброј морничави моменти во шоуто кои го вклучуваат Џејми и злосторството за кое е обвинет, но дури и најмалите детали во шоуто имаат неочекувано значење. Не е лесна за гледање, но е исклучително важна, особено кога нејзините теми и детали се расчленети. Еден од најимпресивните елементи е колку внимателно е направена. Ништо не се случува случајно. Секој дијалог, движење на камерата и најмал детаљ се внимателно избрани за да придонесат за подлабоката приказна.
Еден посебен детаљ што гледачите можеби не го забележале е сендвичот со сирење на Џејми во третата епизода, кога тој се среќава со судскиот психолог.
Станува збор за трик со кој психологот ја проценува неговата психичка состојба пред судењето. Кога првпат влегува во собата, му нуди на момчето топло чоколадо и сендвич со сирење и кисели краставички. На прв поглед, овој потег изгледа како едноставен обид да се создаде пријатна атмосфера пред да започне разговорот за траумата на Џејми. Меѓутоа, ова е тест. Целта е да се види како Џејми ќе реагира на нешто што не му се допаѓа. Врз основа на таа реакција, психологот може да добие увид во тоа каква е личноста на Џејми.
Ова го потврдила и српскиот психологот Вања Шовиќ. Во нејзиното видео на Инстаграм таа ги запрашува сите што ја гледале серијата, дали знаат зошто момчето добило сендвич со нешто што не му се допаѓа? Во овој случај, зборуваме за кисели краставички.
„Сендвич со нешто што Џејми не го сака служи за оценување на неговото однесување во однос на авторитетот и способноста да ги изрази своите потреби или несогласувања. Ако го изеде без приговор, тоа укажува на чувство на немоќ, ако го одбие, тоа може да значи потреба за контрола. Неговата одлука да го прифати сендвичот иако не сака кисели краставички, може да укаже чувство немоќ или навика да толерира ситуации кои не му одговараат, што е важно за неговото однесување и постапки.
Погледнете како изгледа сцената со сендвич: