Се помириле долгогодишните пријателки – Тејлор Свифт и Блејк Лајвли повторно блиски

Точка

07/04/2025

13:48

781

Големина на фонт

а а а

Тејлор Свифт и Блејк Лајвли повторно почнале да се дружат откако се појави веста дека не разговараат.

Имено, нивниот однос се сменил кога актерот и режисер Џастин Балдони ја спомнал Тејлор Свифт во неговата тужба против Блејк Лајвли. Медиумите тогаш објавија дека поради тоа пријателките со месеци не разговарале и дека Тејлор била лута што била вовлечена во правната битка со Балдони.

Сепак, близок извор открил дека дуото „расчистило сè“, а Блејк се извинила и сега „повторно разговараат“.


Се вели дека на Тејлор и било непријатно да биде дел од тужбата, откако адвокатскиот тим на Џастин го искористил примерот со нејзиниот престој во куќата на Блејк како пример за заплашување.

Во својата тужба, Џастин тврди дека Блејк ја донела Тејлор на состанок за промени во сценариото и дека актерката ја искористила својaта „мега-популарна пријателка“ за да го заплаши. Меѓутоа, изворите оттогаш тврдат дека Тејлор немала намера да биде таму за состанокот и дека едноставно била таму за да се сретне со пријателката.

„Тоа беше прв пат Тејлор да го запознае Џастин. Таа немаше поим кој е тој и Тејлор само беше љубезна. Таа беше љубезна со него како и со сите што ќе ги сретне“, изјавил претходно извор за Мејл.


Иако изјавата на Тејлор би можела да се смета како нејзината страна од приказната, некои обожаватели се разочарани поради нејзиниот досегашен молк околу препирката.

Извор претходно споделил дека тимот на Џастин може дури и да го искористи молкот на Тејлор, објаснувајќи: „Некои луѓе мислат дека Тејлор треба да нуди утеха и да ја користи својата платформа за да ја придобие поддршката на обожавателите за она што е правилно“.

Наместо тоа, се чини дека Тејлор замолчела и останала далеку од очите на јавноста, а тоа најверојатно ќе игра улога во одбраната на Џастин.


Потсетуваме, Лајвли во декември поднела тужба против Џастин Балдони за сексуално вознемирување. Џастин потоа ги тужел Блејк и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс за 321 милиони фунти, обвинувајќи ги дека се обидуваат да му ја уништат репутацијата и кариерата.