Андријана Јаневска, еден од најмоќните гласови на нашата сцена, воедно и професорка на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје, настапи со Битолскиот камерен оркестар и виртуозот Благојче Трајковски на кларинет и им оддаде чест на 60-те починати во стравотниот пожар во Кочани.
На својата официјална страница на Фејсбук таа го објави овој настап и напиша: „Еден од најтешките настапи во мојата кариера … „Ако утре ме нема“ ја изведов во придружба на Битолскиот камерен оркестар и Благојче Трајковски на кларинет“.
Еден од најтешките настапи во мојата кариера... Ако утре ме нема од ДНК ја изведов во придружба на Битолскиот камерен оркестар и Благојче Трајковски на кларинет.
Posted by Andrijana Janevska on Sunday 6 April 2025
Ова беше седмиот концерт на Камерниот оркестар на Битола со хитовите на Тоше, а оваа година се пееја и песни од „ДНК“, во чест на трагично загинатите во пожарот во Кочани на 16 март. Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ што изби на концертот на „ДНК“ загинаа 60 луѓе, од кои 6 деца, а повредени се околу 200 од кои 25 деца. Загинаа и шестмина членови на групата.
Андријана Јаневска беше пријателка и колешка со Сара Пројковска, професорка на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде што предава и таа. Пројковска, која загина во пожарот во Кочани, пееше придружни вокали за „ДНК“. Во пожарот загинаа и пејачот на „ДНК“, Андреј Ѓорѓиески, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Ѓорги Ѓоргиев, клавијатуристот Филип Стевановски, инаку директор на Центарот за култура во Штип и Мартин Атанасовски, кој настапуваше со бендот како битбоксер.
Раперот Владимир Блажев – Панчо и гитаристот Горан Тонев сè уште се хоспитализирани.