[ФОТО] Мартин Фримен во ретко појавување со 23 години помладата девојка: Продефилирале заедно на црвениот тепих

Точка

07/04/2025

15:16

930

Големина на фонт

а а а

Актерот Мартин Фримен (53) и неговата девојка, француската актерка Рејчел Бенаис (30) прошетал на црвениот тепих на доделувањето на „Olivier Awards“ во Лондон.

Фримен одбрал елегантен блејзер со црвено-црн дезен, кој го комбинирал со црни панталони и кожени чевли, додека Рејчел се одлучила за софистициран дводелен фустан во беж.

Иако официјално ја откриле својата врска уште во 2021 година, тие ретко се појавуваат заедно во јавноста. Своето прво појавување како пар го имале на „Raindance Film Festival“, неколку месеци откако поранешната сопруга на Фримен, Аманда Абингтон проговорила за нивниот развод.

Фримен и Абингтон биле во брак 16 години, за време на кои добиле две деца – Џо и Грејс. Актерот своевремено открил како односот со децата по разводот бил предизвикувачки: „Тешко е да не се чувствувате повредено кога ќе почнат да прават работи што не ве вклучуваат, иако го разбирате тоа бидејќи тоа е сосема природно“.


Рејчел Бенаис, која е најпозната по улогата во хитот на Би-би-си, „Normal People“, има значајна кариера и во филмската индустрија. Таа, исто така, се појавила во филмот на Нетфликс „Irish Wish“ со Линдзи Лохан и во популарната серија „This Way Up“, каде глумела заедно со Ајслинг Бо.