Иако Кенсингтонската палата официјално не ја коментираше одлуката, таа несомнено предизвика големо внимание во правните и кралските кругови.
Ангажирањето адвокатска канцеларија симболично поврзана со неговата мајка и нејзиниот развод од татка му е силна порака за насоката во која принцот Вилијам има намера да го преземе својот дел од монархијата во иднина.
Принцот Вилијам, војводата од Велс, направи неочекуван и симболично моќен потег ангажирајќи ја адвокатската канцеларија што ја застапуваше неговата покојна мајка, принцезата Дијана, за време на нејзиниот развод од тогашниот принц Чарлс.
Со овој потег, 42-годишниот престолонаследник јасно сигнализира прекин на долгогодишната кралска традиција и потенцијално ново поглавје во односите во палатата, избирајќи свој пат независен од советниците на неговиот татко. Интересно е што и принцот Хари се опкружил со експерти со кои била блиска неговата мајка.
Одлуката на Вилијам да ја ангажира реномираната адвокатска канцеларија Mishcon de Reya претставува одреден прекин во соработката со компанијата Harbottle & Lewis, која со децении давала правни услуги на кралското семејство, вклучувајќи го и самиот крал Чарлс.
Овој потег се смета за преседан и јасен сигнал за желбата на Вилијам за автономија. Извори блиски до палатата, како што пренесува Дејли Мејл, наведуваат дека оваа одлука особено го „боцкала“ Џерард Тајрел, партнер во Harbottle & Lewis, кој со години се грижел за правните работи на принцот Вилијам и неговото семејство и важи за еден од најдоверливите советници на кралот Чарлс.
Harbottle & Lewis го претставуваше кралското семејство во голем број чувствителни ситуации, вклучувајќи го и скандалот со хакирање телефони на таблоидот News of the World. - Вилијам сакаше да тргне по својот пат. Тој не сакаше да продолжи да ги користи адвокатите на неговиот татко. Едноставно е така. Сака да биде свој човек - рекол еден извор за британските медиуми, додека друг додал: - Вилијам сака да ги прави работите поинаку од својот татко и сака да се гледа дека ги прави поинаку - тврдат тие.
Изборот на компанијата Mishcon de Reya не е случаен и носи длабока лична тежина. Токму Ентони Џулиус, заменик-претседателот на оваа истакната канцеларија, беше главниот правен застапник на Дијана за време на нејзиниот бурен и екстремно медиумски следен развод со Чарлс, кој беше финализиран во 1996 година, само една година пред нејзината трагична смрт во Париз. За време на разводот, адвокатскиот тим на Дијана, предводен од Џулиус, обезбедил значителни отстапки за неа, вклучително и задржување на нејзиниот апартман во палатата Кенсингтон, правото на користење на авионите на кралското семејство и користењето на државните апартмани во палатата Сент Џејмс за официјални приеми.
Врската меѓу Џулиус и принцот Вилијам не е нова. Џулиус беше еден од основачите и доверителите на Меморијалниот фонд на Дијана, принцезата од Велс до затворањето во 2012 година, тесно работеејќи со принцот за да го зачува наследството на неговата мајка. Некои извори дури наведуваат дека Дијана имала толку голема доверба во основачот на компанијата, Лорд Мишкон, што му ги доверила своите стравови за можна „несреќа“.
Овој правен маневар се смета за уште еден чекор во низата одлуки на Вилијам за да ја покаже својата намера да ја модернизира својата улога и пристап кон кралските должности, различен од оној на неговиот татко. Принцот претходно зборуваше за својата визија за монархијата, спомнувајќи „помалку „к“ во кралското семејство и ја истакна важноста од „влијание, филантропија, соработка, здружување и помагање на луѓето“, додавајќи ја емпатијата како клучна лидерска особина.
Иако Кенсингтонската палата официјално не ја коментираше одлуката, таа несомнено предизвика големо внимание во правните и кралските кругови. Ангажирањето адвокати симболично поврзани со неговата мајка и нејзиниот развод од татка му е силна порака за насоката на која принцот Вилијам има намера да го земе своето учество во иднина. Овој потег ја потврдува неговата желба да дејствува самостојно и да изгради сопствен пат како иден крал.