[ВИДЕО] Светски познатиот пејач настапил на улица и ги воодушевил случајните минувачи

Точка

06/04/2025

19:04

2.535

Големина на фонт

а а а

Британскиот пејач и текстописец Ед Ширан ги воодушевил обожавателите, минувачите и патниците со уличен настап во Лондон.

Имено Ширан (34) свирел на акустична гитара пред железничката станица Кингс Крос во петокот, облечен во впечатлива розова маица. Тој ја извел новата песна Азизам, како и хитовите „Perfect“, „Bad Habits“ и „Shivers“.

Watch on TikTok


Пејачот, познат по хитовите „Shape of You“ и „Thinking Out Loud“, по настапот напишал објава на Инстаграм во која атмосферата ја опишал како „неверојатна“. Една случајна минувачка, која чекала воз, изјавила дека имала „неверојатна среќа“ што била сведок на таква ѕвездена изведба.

„Тоа беше како остварување на сон“

Една жена од публиката рекла: „Не знаев дека ќе настапи, па се почувствував како да сум добила на лотарија кога излегов од станицата Кингс Крос. Атмосферата беше неверојатна, сите пееја заедно и беше многу забавно. Тој ги свиреше сите негови најпознати песни и бев многу среќна што можев тоа да го гледам во живо“.


Меѓутоа некои обожаватели кои го следат Ширан на социјалните мрежи однапред знаеле за неговите планови. Многумина од нив потрчале кон станицата штом дознале за настапот. „Беше како остварување на сон гледајќи го Ед како настапува во таква средина. Го имам видено на стадиони неколку пати претходно, но гледајќи го како настапува на улица… тоа беше неверојатно“, рекол еден обожавател.

Некои верни обожаватели дошле дури и од странство, како Феликс Стендер, кој допатувал од неговиот роден град Кил, во близина на Хамбург. „Дојдов од Германија за ова мал настап на Кингс Крос, бидејќи знаев дека песната Азизам излегува денес“, изјавил Стендер за „Sky News“.