Само 90 минути поминати пред екранот можат негативно да влијаат врз развојот на детето

Точка

29/01/2025

11:41

1.006

Големина на фонт

а а а

Новото истражување откри дека само 90 минути дневно поминати пред екранот може да има штетно влијание врз способноста за читање и пишување на детето и може да го зголеми ризикот од појава на проблеми во однесувањето.

Истражувачите од Универзитетот во Кантербери во Нов Зеланд следеле повеќе од 6.000 деца на возраст меѓу две и осум години за да ги истражат ефектите од времето поминато пред екраните.


Децата кои поминуваат повеќе од час и половина дневно пред екран покажале послаби резултати во вокабуларот, комуникациските вештини, пишувањето, основните математички вештини и познавањето на буквите. Покрај тоа, тие беа помалку социјални, почесто играа сами и беа помалку популарни меѓу своите врсници. Посебно загрижувачки е тоа што децата кои поминале повеќе од два и пол часа дневно пред екраните биле повеќе склони кон јазични проблеми и проблеми во однесувањето. Од друга страна, децата кои дневно поминале помалку од еден час пред екранот покажаа подобри јазични и социјални вештини и беа поуспешни на училиште.

Екраните исто така влијаат на подготвеноста за училиште

Истражувањето објавено во списанието „Developmental Psychology“ откри како прекумерното време поминато пред екраните може да влијае на подготвеноста на децата за училиште. Наставниците забележуваат сè поголем број на петгодишни деца со потпросечни јазични и социјални вештини, а експертите сметаат дека причината за тоа е зголемената употреба на екраните во раното детство.

„Времето поминато пред екранот во раното детство силно ги предвидува вештините кои ќе ги имаат децата при започнувањето со училиште“, изјавија авторите на студијата. Драматичното зголемување на времето поминато пред екранот во последниве години делумно го објаснува падот на подготвеноста на децата за училиште.


Интересно, влијанието врз образованието се смета за посериозно од здравствените ризици поврзани со седентарен начин на живот, како што се дебелината или честите болести.

Светската здравствена организација (СЗО) препорачува децата под две години воопшто да не користат електронски уреди, додека оние на возраст од две до пет треба да поминуваат помалку од еден час дневно пред екран. Меѓутоа, реалноста е поинаква. Во Обединетото Кралство, на пример, секое петто дете веќе има паметен телефон на возраст од две години, а повеќето деца поминуваат повеќе од два часа дневно пред екраните.

Загриженост поради здравствените проблеми

Поврзаноста помеѓу екраните и развојот на децата предизвика бројни расправии. Австралиско истражување од 2024 година покажа дека децата на возраст од две години кои поминуваат многу време пред екраните можат да покажат симптоми слични на аутизам до 12-годишна возраст.


Но, истражувачите потенцираа дека нивната студија не ја докажала причинско-последичната врска, а други експерти предупредуваат дека не постојат вистински докази кои ги поврзуваат екраните со аутизмот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk