[ФОТО] Заборавените фризури се враќаат на голема врата: Ги чекавме три децении

Точка

24/01/2025

18:14

2.510

Големина на фонт

а а а

Модните трендови се менуваат од година во година, а во последните години сè почесто се среќаваме со старите модни хитови кои се враќаат на голема врата.

Токму кога ќе помислиме дека старите трендови за убавина официјално станале минато, се изненадуваме од нивното враќање. Многумина ќе се израдуваат поради тоа што овие две фризури кои беа особено популарни се враќаат и повторно ќе бидат хит оваа сезона.

Поминаа 30 години откако овие фризури беа во тренд, а едната од нив ја обожуваше речиси секоја жена ширум светот.


Можеме да ги наречеме застарени, старомодни, заборавени, винтиџ … но, оваа пролет ќе ги носиме повеќе од кога било.

Сигурно се сеќавате на „Рејчел фризурата“, а веројатно ја сакате и француската пунџа? Па, добрата вест е што и двете фризури повторно ќе бидат во тренд.

Рејчел фризура

Сите добро се сеќаваме на оваа култна фризура, која го доби името по актерката Џенифер Анистон и нејзината улога во серијата „Пријатели“, каде што ја толкуваше Рејчел Грин.


Фризерот Дариус Пис изјави за „Real Simple“ дека смета оти оваа фризура излегла од мода едноставно затоа што ја носеле премногу жени – речиси секоја друга жена.

Фризурата е одличен избор и за густа и за тенка коса, го врамува лицето и не бара премногу нега, па зошто да не ја пробате оваа година?

Француска пунџа

Доколку повеќе преферирате елегантни и ненаметливи фризури, ќе ве израдува враќањето на француската пунџа, која изгледа совршено и може да се носи од утро до вечер, во секоја пригода.

Меѓутоа се чини дека никогаш не сме се ни збогувале со неа …


Оваа фризура не одзема ни многу време за да се направи, па затоа е одличен избор за жените кои немаат многу слободно време или трпение.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk