„Парената“ торта е познат десерт на старите македонски домаќинки чиј рецепт со задоволство го преземаат и младите дами.
Се прави многу брзо, веќе за половина час се наоѓа на вашата трпеза. Она што е сигурно, никој не застанува на едно парче.
• 1 лажица какао;
• 10 јајца;
• 100 гр суво грозје;
• 10 лажици шеќер;
• 100 гр сечкани ореви;
• 7 лажици брашно;
• 16 лажици мелени ореви;
• 3 лажици гриз.
• За преливот потребно е:
• 400 мл вода;
• 800 гр шеќер.
• 2 лажици масло;
• 150 гр чоколадо.
Белките се матат со постепено додавање на шеќер, а потоа се додаваат жолчките една по една во смесата, додека се продолжува непрекинато матење.
Потоа додадете брашно, гриз, какао, мелени и сечкани ореви, суво грозје.
Следно, измешајте сè со лесни движења и истурете во плех или калап, претходно покриен со хартија за печење. Се пече во загреана рерна на 180°C околу 30 минути.
Додека се пече тортата, направете го сирупот за преливот од шеќер и вода – во тавче измешајте ги овие две состојки и ставете го на шпорет, почекајте да зоврие, па варете уште 5-6 минути. Оладениот колач прелијте го веднаш.
На крај, украсете го ова слатко задоволство со растопено чоколадо.