Стариот југословенски десерт: Фигаро обланда – едноставен спој на ореви и карамела

Точка

24/01/2025

17:09

5.385

Големина на фонт

а а а

Фигаро обландата е еден од најпознатите југословенски десерти, а во некои региони ја нарекуваат и грилијаш. Станува збор за едноставна комбинација од ореви и карамела која се топи во устата.

По желба можете да додадете и некои други јаткасти плодови или парчиња суво овошје, а можете да направите и чоколадна глазура.


Состојките кои ќе ви бидат потребни се:

два листови обланда

500 грама шеќер

250 грама маргарин

250 грама крупно сечкани ореви

шест жолчки


Подготовка:

Со миксер изматете ги жолчките со 250 грама шеќер. Откако смесата ќе стане пенеста, варете ја на пареа. Во текот на варењето, додадете парчиња маргарин и мешајте додека се згусне.

Останатите 250 грама шеќер растопете ги на тивок оган односно од него треба да направите карамела. Жолчките тргнете ги од оган и измешајте ги со сечканите ореви. Соединете ја смесата од жолчка и орев со карамела и брзо мешајте.


Додека смесата е топла, прелијте ја врз првиот лист обланда, а потоа ставете го вториот лист врз смесата. За да спречите истекување на смесата, можете да користите фолија или хартија за печење. Врз подготвениот десерт односно врз обландата ставете тежок предмет за листовите обланда убаво да се спојат.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk