За сите љубители на едноставни десерти: Колач со јаболко и цимет

Точка

28/01/2025

17:41

4.804

Големина на фонт

а а а

Овој колач е идеален за сите љубители на едноставни, но вкусни десерти, кои сакаат да уживаат во нешто што ќе ги потсети на семејната атмосфера и љубовта која мајките и бабите ја вложуваат при подготовката на омилените десерти.

Состојките како свежи јаболка и ореви го прават не само вкусен, туку и поздрав избор во споредба со класичните колачи. Со додавањето на темно чоколадо, ќе имате совршен десерт за секоја пригода.


Состојки:

4 јајца

2 чаши шеќер

1 ванилин шеќер

2 чаши гриз

2 чаши ореви

1 чаша масло

1 чаша млеко

2 лажици какао

Кора од еден лимон

4 рендани јаболка

2 лажици цимет

200 гр темно чоколадо и 2 лажици масло

Подготовка:

 Изматете ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер додека добиете пенеста смеса. Во друг сад измешајте ги сите суви состојки: гриз, ореви, цимет, какао и кора од лимон.

Најпрво сувите состојки се додаваат во смесата со јајцата, а потоа маслото и млекото. Добро измешајте ја целата смеса.


На крај додадете ги ренданите јаболка и повторно сè убаво измешајте. Смесата истурете ја во претходно подмачкана тепсија за печење. Печете на 200°C околу 40 минути.


За подготовка на преливот растопете го чоколадото со две лажици масло и прелијте го печениот колач. По желба, колачот можете да го декорирате со ореви, шеќер во прав, или шлаг.


Овој колач е одличен за сите пригоди. Благодарение на комбинацијата од јаболка, ореви и цимет, ќе добиете богат и сочен десерт кој ќе ги задоволи сите љубители на слатки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk