Кога избирате животен партнер, лесно е да се фокусирате на површните особини како што се шармот, изгледот или заедничката смисла за хумор. Меѓутоа, вистински квалитетниот сопруг често се препознава по суптилни, секојдневни постапки кои можат да останат незабележани. Наместо големите гестови, малите нешта се тие кои покажуваат кој е всушност добриот, долгорочен партнер. Овие особини, кои се клучни за стабилна и исполнета врска, ги сподели семејната и брачната советничка Тина Феј.
Во свет во кој сите сакаат да бидат сослушани, важно е да имате партнер кој не само што ве слуша, туку и го почитува вашето мислења.
„Меѓутоа, ова не значи дека тие секогаш мора да се согласуваат со вас – несогласувањата се природен дел од секоја врска. Но, клучно е тие искрено да ве почитуваат и да ги земаат предвид вашите ставови при донесувањето одлуки. Ако вашиот партнер сака да го слушне вашето мислење и го почитува, тоа е „јасен знак за заемно почитување и рамноправно партнерство – основата на успешниот брак“, објасни Феј за „Hack Spirit“.
Квалитетниот сопруг не ги крие своите несигурности, стравови или соништа, туку е подготвен отворено да ги сподели со вас.
„Ранливоста е клучна за подлабока поврзаност, а според истражувачот Брене Браун, таа е „изворот на љубовта, припадноста, храброста и автентичноста“. Кога партнерот може да биде искрен во изразувањето на своите емоции, тоа не покажува слабост, туку сила и желба да изгради врска заснована на доверба и разбирање“, рече советничката за брак.
Никој не е совршен, а несогласувањата се неизбежни во секоја врска. Но, она што го разликува квалитетниот сопруг е неговата способност да преземе одговорност кога ќе направи грешка, тврди Феј.
„Наместо да ја префрли вината или да бара изговори, тој ги признава своите постапки и работи на нивно поправање. Овој вид на зрелост не е само начин да се избегнат конфликти, туку покажува почит кон партнерот и врската. Кога некој презема одговорност, тоа испраќа силна порака – вашата врска е важна за него, и подготвен е да вложи напори за да ја одржи силна“, објасни брачната советничка.