Овој десерт се подготвува од само неколку состојки, а неговиот вкус е неопислив.
200 гр. мелен кекс
100 гр. сусам
100 гр. чоколадо
100 гр. путер
2 лажици мед
2-3 лажици млеко
Во суво тавче на средна температура, печете го сусамот додека добие златно кафеава боја, повремено мешајќи. Внимавајте да не изгори. Откако ќе се испече, оставете го да се излади. Во тенџере на тивок оган растопете ја чоколадата за готвење заедно со путерот и медот, мешајќи додека добиете изедначена смеса. Тргнете го од оган и оставете малку да се излади.
Во поголем сад измешајте ги мелените бисквити и испечениот сусам. Во садот додадете ја и растопената чоколада. Добро измешајте додека не се соединат сите состојки. Доколку смесата е премногу сува, додадете 2-3 лажици млеко, една по една, додека да добиете смеса која лесно се обликува. Земете мали количества од смесата и обликувајте ги во топчиња со големина на орев.
По желба, топчињата можете да ги валкате во печен сусам или какао во прав. Ставете ги топчињата на чинија или плех обложен со хартија за печење и оставете ги во фрижидер најмалку 30 минути за да се стврднат, по што можете да ги послужите.