Зошто Шпанија има најниска стапка на разведување, и само по едно дете во бракот?

Точка

15/10/2024

20:03

1.530

Големина на фонт

а а а

Во Шпанија семејството зазема посебно место во општеството и претставува едно од најголемите вредности на секој поединец. Таа важност на семејството влијае врз ставот кон бракот и родителството, што резултира со една од најниските стапки на разводи во Европа.

Додека во помалите села сè уште се практикува порано стапување во брак, во големите градови како што се Мадрид и Барселона, младите сè повеќе го одложуваат склучувањето на бракот, давајќи им предност на образованието и кариерата.


Една од клучните разлики во шпанскиот пристап кон бракот се однесува на возраста на која луѓето се одлучуваат да склучат брак. Шпанците сè почесто стапуваат во брак во повозрасни години, вообичаено помеѓу 35 и 45 години, кога се финансиски постабилни. Девојките внимателно ги одбираат мажите кои можат да му обезбедат стабилност на семејството, додека мажите вложуваат многу напор за да им обезбедат сигурен живот на идните сопруги и децата.

Токму оваа внимателна подготовка и изборот на партнер придонесуваат кон стабилноста на браковите. Пред да се одлучат да стапат во брак, потенцијалните сопружници внимателно ги разгледуваат заедничките планови, што резултира со пониски стапки на развод.

Децата како одраз на животното темпо

И покрај големата приврзаност кон семејството, Шпанците честопати имаат само по едно дете.


Тоа не е последица на недостиг на љубов спрема децата, туку резултат на подоцнежното склопување на браковите и ограниченото време за проширување на семејството. Кога браковите ќе започнат подоцна, многу парови не успеваат да ги остварат плановите за поголем број на деца. Просечно шпанско домаќинство има по едно или две деца, а финансиската стабилност и општествените услови често овозможуваат фокусирање врз квалитетно родителство и уживање во семејниот живот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk