Откриено зошто Хејли и Џастин Бибер не сакаат синот да биде во близина на нивните семејства

Точка

15/10/2024

10:38

1.686

Големина на фонт

а а а

Хејли и Џастин Бибер неодамна го добија своето прво дете, синот Џек Блуз Бибер, но Хејли го чува синот подалеку од нејзините родители. Имено, таа веќе подолго време е во лоши односи со татко ѝ Стивен Балдвин поради различните верски и политичките убедувања.

 Стивен и неговата сопруга Кенја се посветени христијани, а Стивен е познат по неговата поддршка за Доналд Трамп, додека ќерка му Хејли ја поддржува Камала Харис, пренесува „Дејли Мејл“.

Со месеци ја криеше бременоста

Според изворот близок до парот, веќе подолго време односот на Хејли со нејзиното семејство е нарушен, а особено откако забремени, а бременоста со месеци ја криела од нив.


Едната од најголемите караници се случи откако Стивен побарал од луѓето да се молат за Хејли и Џастин, а Хејли му одговори дека не сака тој да се меша во нејзиниот живот. Но потоа Стивен потенцираше дека Хејли го запознала Џастин поради него, што дополнително ја налути Хејли.


Напнатоста се зголеми кога Хејли изрази желба да го преземе презимето на нејзиниот сопруг. Според изворот, Хејли со години сакала да се дистанцира од презимето Балдвин, и дека била среќна кога го сменила презимето по венчавката со Џастин. Нејзиниот однос со мајка ѝ исто така се влошил откако Хејли забременила и долго време таа не ја споделила оваа вест со нејзиното семејство.

Се чувствувала како „црна овца“ во семејството

Хејли неодамна призна дека повеќе не е толку блиска со семејството како во минатото. Таа изјави дека сега има изградено свое семејство и дека ужива во сеќавањата од детството, но дека поради манекенството рано станала независна. Таа исто така изјави дека побрзо израснала од нејзините врсници, како и дека и покрај тоа што со години имала близок однос со мајка ѝ, се чувствувала како „црна овца“ во споредба со нејзината постара сестра Алиа.


Конфликтите во нејзиното семејство влијаеле и врз односот на Џастин со семејството Балдвин. Според изворите, Џастин исто така не се согласува со нејзиното семејство, а сега откако добија дете ситуацијата станала уште понапната, така што Џастин и Хејли настојуваат колку што е можно повеќе да го држат синот подалеку и од двете семејства.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk