Угледниот психолог до родителите на ученици: „Не ги преоптоварувајте со дополнителни активности; домашната задача не е ваша домашна задача“

Кармин

13/09/2024

18:56

6.763

Големина на фонт

а а а

Започна новата наставна година. Михаил Лабовски, еден од најпознатите психолози на денешницата според магазинот Форбс, вели дека училиштето не е одговорност на родителите.

Сепак, тој посочува дека родителите треба да ги поддржуваат своите деца и да им го олеснат детството. Ова е можно ако се држиме подалеку од непотребен стрес. За тоа да биде успешно, Лабовски истакнува 10 совети кои ви ги пренесуваме во продолжение:

Не го преоптоварувајте вашето дете со дополнителни активности пред училиште. Пред да започне прво одделение, оставете го вашето дете да ужива во своето детство. Неговиот мозок сè уште не е подготвен за интензивно учење како шах, странски јазици или други интелектуални активности.

Првото училиште не мора да биде „најдобро“. Во пониските одделенија важно е детето да чувствува психолошка сигурност. Подобро е да се избере училиште блиску до дома, што ќе го олесни патувањето и ќе овозможи создавање на односи со врсниците.


Училиштето е одговорност на детето. Можеби на почетокот ќе му помогнете на вашето дете да се снајде, но важно е училиштето да стане негова одговорност. Поставете јасни граници и договорете се - нека преземат одговорност за своето образование.

Не форсирајте разговор за училиште. Оставете го детето да одлучи дали ќе зборува за тоа како му оди. Пречестото испрашување за училиштето и оценките може да создаде притисок и стрес.

Домашната задача не е ваша домашна задача. Не мора да им ги пишувате домашните задачи или да им ги пакувате ранците. Научете ги да бидат самостојни и одговорни - тоа ќе им користи подоцна во животот.

Помогнете, да, но само кога детето ќе го побара тоа. Вашата поддршка е важна, но оставете го вашето дете да дојде кај вас со прашања или потреба од помош.


Ако нешто не е во ред со наставникот, реагирајте. Ако забележите дека наставникот не го сака вашето дете или постои некој проблем, разговарајте. Не ја игнорирајте ситуацијата - можеби ќе треба да размислите и за промена на училиштето доколку е потребно.

Бидете трпеливи во текот на пубертетот. Пубертетот може да биде предизвикувачки период, а вашето дете ќе поминува низ различни фази. Дајте им простор и бидете присутни како поддршка.

Не форсирајте развивање на таленти. Ако детето покаже талент, одлично! Но, ако не сака да развива некој талент или да се занимава со нешто само поради вашите очекувања, пуштете го. Нека само одлучи што сака да прави.

Безусловната љубов е најважна. Сакајте го вашето дете без оглед на сè - дајте му до знаење дека вашата љубов не е условена од нивните успеси или однесување.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk