[ФОТО] Синот на познатиот актер живее на улица и едвај врзува крај со крај: Целиот парталав во износена облека, тежи 160 килограми – фотографии кои го шокираа светот

Кармин

13/09/2024

23:16

15.220

Големина на фонт

а а а

Минатата година, извесно списание за ентериер пишуваше за луксузната вила на Барбра Стрејсенд и нејзиниот сопруг Џејмс Бролин, нарекувајќи ја „идилична оаза“.

Меѓутоа, додека двајцата живеат хедонистички во вила опкружена со 3.000 грмушки од рози, помладиот син на Бролин, Џес (52) живее во мал мотел на периферијата на градот Охајо, Калифорнија.


Имено, Џес неодамна бил уловен од папараците пред „Топа Виста“, запуштен мотел кој се наоѓа во близина на автопатот, а потоа повторно додека чекал автобус во центарот на Охајо.

Како што може да се види од фотографиите, Џес е маж со прекумерна тежина кој тежи повеќе од 160 килограми, но неговите килограми можеби не би биле толку впечатливи доколку би бил облечен малку подобро од црна маица со логото на Бетмен, која ја искомбинирал со широки тексас шорцови и кафени искинати патики.

„Новото“ ќоше на Џес може да се смета за напредок затоа што во 2011 година живеел во користен пикап камион кој датира од 80-тите години, откако ги потрошил парите кои ги наследил од мајка му.

По три години споменатиот пикап се распаднал, а Џес завршил на улица кога своевремено бил фотографиран како претура низ контејнерите барајќи храна.

„Нудевме помош и поддршка и продолжуваме да го правиме тоа. Многу го сакаме и му посакуваме само најдобро, но тој одбива секаква помош“, изјавил тогаш менаџерот на неговата маќеа Барбра Стрејсенд.

Сегашното скромно сместување на Џес е целосен контраст со раскошниот дом во кој пораснал. Поранешниот ранч во Пасо Роблес го заменил со запуштен мотел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk