[ФОТО/ВИДЕО] „Три пати ми го кршеа носот и ме фрлија во контејнер бидејќи бев дебела“: Исповедта на Алина го расплака регионот

Точка

11/09/2024

18:41

6.544

Големина на фонт

а а а

Алина Пантсејева (27) од Белорусија, којашто пред две години се преселила во Запрешиќ во Хрватска, го потресе регионот откако неодамна откри дека била жртва на врсничко насилство, и тоа само поради тоа што, како што вели таа „отсекогаш била голема“.

Во краткиот клип од новата сезона на хрватската емисија „Живот на вага“, којшто беше објавен на официјалната „ТикТок“ страница на платформата „Voyo“, Алина откри застрашувачки детали од училишните денови низ коишто морала да помине само поради вишокот килограми.


„Ме тепаа затоа што бев голема. На пример, јас немав ваков нос, јас имав рамен нос, но три пати ми го скршија носот, и тоа во училиште“, вели Алина.

Тие беа зад оградата, дојдоа до мене, ме свртеа, ме бутнаа и ме фрлија во контејнер, а исто така честопати и ме претепуваа“, раскажа Алина со солзи во очите.


Како што вели таа, за прв пат носот ѝ бил скршен кога момчињата откако физички ја нападнале, започнале да ја тепаат со вреќа полна со патики додека таа лежела на подот. Додека во вториот инцидент, една девојка го пушти нејзиното куче да ја нападне Алина, при што повторно ѝ бил скршен носот.

Заштитата од насилниците немала успех


Туркањето во контејнер се случило кога Алина се обидела да го земе својот чешел за коса, којшто насилниците претходно го фрлиле во контејнерот, и во тој момент тие целата ја бутнале и фрлиле во контејнерот. Таа исто така раскажа дека обидите на нејзиното семејство да ја заштити од насилниците немале успех, туку само ја влошиле состојбата.

Меѓутоа Алина сега е среќно омажена за Хрват, а во ријалити програмата се пријавила со цел да изгуби што повеќе килограми и со тоа да ја изгради својата самодоверба коешто отсекогаш го посакувала.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk