Доколку сте љубители на постарите десерти со шербет, но немате време да ги зготвите и не сакате да трошите премногу шеќер за шербетот, тогаш питата од јаболко е вистински избор за вас.
Осум јаболка (околу 1,5 килограми)
Пет лажици шеќер (100 грама)
Една лажица цимет (15 грама)
Две кесички ванилин шеќер
Еден лимонов шеќер (не е задолжително)
125 грама путер
100 милилитри млеко
10 листови готови кори за пита
Шеќер во прав
На почетокот е потребно да се направи смесата од излупени јаболка, така што јаболките ќе ги изрендате и ќе им додадете шеќер, цимет, ванилин шеќер и лимонов шеќер. Потоа ќе ја подготвите смесата за премачкување на корите, така што путерот ќе го истопите и ќе го измешате со млекото.
Потоа ќе земете два листови од корите и двата ќе ги премачкате со три лажици од смесата за премачкување, а во меѓувреме останатите кори покријте ги со чиста крпа за да не се исушат. Двата листови спојте ги и распоредете ја смесата од јаболка врз нив, а потоа завиткајте ги во форма на ролат, притоа внимавајќи краевите од корите убаво да ги завиткате за смесата да не испадне, и потоа повторете ја истата постапката и со преостанатите кори. Потоа добро намачкајте ја тепсијата со масло и наредете ги ролатите, а пред печењето исечете ги на парчиња и прелијте ги со смесата од путер и млеко.
Потоа питата од јаболка, ставете ја да се пече на 180 степени, од 30 до 40 минути на 180 степени, односно додека добие златно – жолта боја. Откако ќе се испече питата можете да ја посипете со шеќер во прав.